Дали ноктите се знак дека сте го совладале вирусот на КОВИД-19? Еве што велат експертите

За време на пандемијата, беа направени многу истражувања во врска со вирусот КОВИД-19 и неговото влијание врз здравјето, но исто така беа откриени и нови, невообичаени знаци кои би можеле да укажуваат на оваа болест.

Професорот Тим ​​Спектор, британски епидемиолог и водечки истражувач на студијата за симптоми на Zoe COVID, која ги следи новите симптоми на вирусот КОВИД-19, напиша на Твитер дека промените на ноктите во форма на хоризонтални вдлабнатини може да означуваат КОВИД-19 и закрепнување после инфекција. Тие можат да се појават без осип на кожата и да изгледаат безопасни.

Хоризонталните вдлабнатини или набори на ноктот се познати во медицината како „Beau“ линии кои означуваат пауза во растот на ноктите предизвикана од повреда или болест, или тие можат да бидат остаток од некоја стара механичка повреда или болест.

Д-р Дорис Хеј, дерматолог од Њујорк, истакнува дека секој поголем физиолошки стрес, исто така, носи промена во циклусот на ноктите. Ако сте имале КОВИД-19, нема да го видите на ноктите веднаш, туку по два до три месеци. Ноктите тогаш изгледаат како гребени, бразди или вдлабнатини – беше објавено на „Харвард Здравје“.

Исто така, ако имате такви нокти, не мора да сте го преболеле КОВИД-19. Многу болести можат да предизвикаат такви нокти и да предизвикаат абнормалности и нарушувања на растот на ноктите, рече Амеш Адаjaа, експерт за заразни болести.

Сè на сè, овој тип нокти не предизвикуваат загриженост, тие се само знак дека вашето тело поминало низ нешто и дека сте завршиле со тоа.

Прочитајте и: Дали вакцината против коронавирусот влијае на менструалниот циклус?

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.