Дали човек може да се зарази од коронавирус два пати: Мислење на експерти и мистериозниот случај од Јапонија!

Стручно мислење

Фото: Илустрација

Жена во 40-тите години била пуштена од болница на 1 февруари по лечење од коронавирус, за 25 дена подоцна повторно да се врати и да направи тест за коронавирус – била позитивна

Кога станува збор за новиот коронавирус, често се чини дека и понатаму имаме повеќе прашања од одговори, а едно од најчестите гласи: дали можеме да се заразиме два пати?

Иако првично се мислеше дека коронавирусот не се враќа откако еднаш ќе се прележи, случајот на една жена во Јапонија ја поколеба сигурноста на експертите во ова тврдење.

Имено, жена во четириесеттите години била пуштена од болница на 1 февруари по лечење од коронавирус за 25 дена подоцна повторно да му се јави на докторот и да направи тест за коронавирус. Била позитивна.

Сепак, се појавиле сомнежи дали жената навистина повторно се заразила со корона или никогаш не оздравела целосно. Бил доведен до прашање дури и квалитетот на самото тестирање.

„Имаше проблеми со квалитетот на тестирањето, што е сосема разбирливо со оглед на бројните фактори што можеле негативно да влијаат, како и брзината со која сето тоа се случуваше“, објаснува доктор Ренди Ор, началник на Одделението за интензивна нега во американската болница „Нортвестерн Лејк Форест“.

„Претходните тестирања докажуваат дека кога човек ќе се инфицира со вирусот КОВИД-19, стекнува одреден степен на имунитет и заштита од истиот тој вирус во текот на наредните неколку месеци“, укажува експертот.

Доктор Ор верува дека коронавирусот се однесува како и секој друг вирус, односно дека тешко е повторно да се добие.

„Еднаш кога пациентот ќе оздрави, иницијалната инфекција служи како своевидна вакцина против таа болест. Имунолошкиот систем на пациентот тогаш го препознава вирусот и е во состојба повторно да се соочи со него. Тогаш или воопшто нема симптоми, или станува збор за исклучително блага клиничка слика“, објаснува докторот.

Кога личноста ќе се соочи со истиот вирус повеќе пати, најверојатно станува збор за или бактериска форма или друг сој на вирусот. На пример, грипот има повеќе од 160 познати соеви и токму затоа можете да го добивате толку често.

Последните податоци од Кина укажуваат на тоа дека и коронавирусот мутира и дека препознаени се два соја. Сепак, докторот тврди дека нема причина за паника.

„Точно е тоа дека коронавирусот мутира, но тоа не е ниту изненадување ниту алармантен податок за јавноста. Постојат и многу соеви на грип секоја година, бидејќи благо мутираат од лице на лице“, заклучува доктор Ор.

Докторите од Вухан ги откриваат и двата начина да направите разлика меѓу грип и коронавирус.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.