Дали антибиотиците можат да ја намалат ефикасноста на апчињата за контрацепција?

Истражување открива

Лекарите долго време се сомневаа дека антибиотиците ја намалуваат ефикасноста на апчињата за контрацепција, а новата обемна студија на британски научници обезбеди дополнителни докази за таквата претпоставка.

Истражувањата откриле дека постои интеракција помеѓу антибиотиците и хормоналните контрацептиви, што потенцијално може да ја намали ефикасноста на апчињата за контрацепција.

Ова значи дека жените кои ги користат двата вида лекови истовремено мора да преземат дополнителни мерки на претпазливост за да избегнат несакана бременост, покажува студијата на британски научници предводена од тим на д-р Робин Фернер од Институтот за клинички науки на Универзитетот во Бирмингем.

Нивните откритија сугерираат дека земањето антибиотици, во споредба со земањето други видови лекови, е поврзано со седум пати поголеми шанси на непланирана бременост. Наодите се резултат на обемна анализа спроведена на повеќе од 75.000 случаи на употреба на антибиотици.

Се верува дека жените кои користат апчиња за контрацепција и антибиотици истовремено треба да користат дополнителна контрацепција, како што се кондоми и супозитории на спермициди или пена, како мерка на претпазливост.

Истражувачите истакнаа дека пресметувањето на апсолутниот ризик од постојните податоци не е можно и рекоа дека забележаниот ризик варира од жена до жена, во зависност од нејзините физиолошки карактеристики и голем број дополнителни околности.

Д-р Џенифер Ву, гинеколог од болницата „Ленокс Хил“ во Њујорк, ја прочита студијата и рече дека е изведена добро, меѓу другото, бидејќи голем број пациенти биле следени на квалитетен начин.

Врз основа на резултатите објавени во стручното списание „BMJ Evidence based Medicine“, Ву верува дека „лекарите треба да разговараат со своите пациенти за назначување на нови рецепти за антибиотици и дали тие можат да влијаат на ефективноста на апчињата за контрацепција“.

Прочитајте и: Истражувањата покажаа врска помеѓу раната менопауза и сексот

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.