Австрија: Куче открива заразеност од коронавирус врз основа на мирис

Австриската армија започна со обука на сервисни кучиња за откривање на лица заразени со коронавирус, соопшти Министерството за одбрана.

Кучињата се обучени да детектираат заразени, дури и кога се заразени без симптоми. Министерката за одбрана Клаудија Танер истакна дека овој проект е во фаза на тестирање.

Еден белгиски овчар ќе биде обучен за откривање на пациенти со Ковид-19 до крајот на јули, проследено со проценка на успехот.

„Дека нашите службени кучиња можат да откријат разни работи не е ништо ново. Така откриваат оружје, наркотици и експлозиви. Бидејќи коронавирусот не застана на границите на Австрија, ние сега сме во фаза на тестирање на таканаречениот „корона-детектор“, посочи министерката.

Со помош на тестови за мирис на молекули на коронавирус, кучето треба да научи да го бара тој мирис.

Армијата истакна дека за време на обуката е обезбедена безбедност на кучето и водичот и дека сè уште не се работи со активни вируси.

Австриската армија во моментот има 166 кучиња за служба, претежно ротвејлери, овчари и лабрадори, како и ловџиски кучиња.

Прочитајте и: Покрај респираторните, и овие 3 симптоми го откриваат коронавирусот: Предупредуваат од Центарот за контрола на болести!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.