5 причини зошто ова лето треба да се одлучите за менструална чашка

Време е на летни одмори и додека некои уживаат во пливање на море, други бараат освежување во езера и реки. Но, што кога ќе дојдат оние денови во месецот? INTIMINA, шведски бренд посветен на женското интимно здравје, нуди линија на менструални чашки, а во нивната корисност е најдобро да се уверите во текот на летото за да можете непречено да уживате во пливањето за време на менструацијата. Менструалните чашки се производ со повеќекратна употреба за собирање на менструалната крв, а еве 5 причини зошто треба да ги пробате ова лето:

  1. Менструалните чашки се направени од мек медицински силикон што е безбеден за телото, не впива мириси и спречува сувост и алергија што понекогаш се предизвикани од впивачките менструални производи. Менструалните чашки на INTIMINA се развиени според највисоките меѓународни стандарди за квалитет и безбедност и ја почитуваат и одржуваат рамнотежата на интимниот предел.
  2. Ако пливате со менструална чашка, не може да влезе никаква течност, а со оглед на тоа што има капацитет многу поголем од тампонот, мала е веројатноста дека ќе протече.
  3. Менструалната чашка може да се носи дури и до 8 часа пред да се испразни. Замислете да го поминете целиот ден на плажа или на работа без да размислувате на менување на влошки и да го искористите за некои поважни работи.
  4. Секоја жена во текот на животот просечно употребува и до 17.000 еднократни менструални производи, а на тој вид на оптад му се потребни векови за да се разгради поради пластиката во својот состав. Со користење на менструална чашка, која може да трае и до 10 години, значително можете да придонесете во зачувувањето за животната средина.
  5. Во просек, жената во животот троши повеќе од 150.000 денари на еднократни производи за менструација. Со оглед на тоа што може да се користи и до 10 години, купувањето на менструална чашка е значителна заштеда.

Менструалните чашки на INTIMINA се погодни за жени од сите возрасти и може да се користат од првата менструација сѐ до менопаузата.

Менструалните чашки на INTIMINA може да ги најдете во продавниците на dm, во некои од аптеките низ земјата или онлајн на intiminazatebe.mk каде може да најдете и повеќе информации.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.