Јадете диња – Го хидрира телото, го подобрува варењето, го регулира притисокот и изобилува со антиоксиданти!

Консумирајте ја на празен стомак

Портокаловата боја на сочниот плод укажува на изобилство од каротен кој е силен антиоксидант.

Јадете диња во текот на летото затоа што благодарение на неа ќе надоместите сè што исфрлате од организмот поради потењето. Идеална порција е 250 грама дневно односно две кришки диња со средна големина“, велат нутриционистите.

Дињата е одлична ако сте на диета бидејќи 150 грама содржат само 53 калории, 13 грама јаглехидрати и многу влакна и витамин А и Ц. Освен тоа, дињата изобилува со антиоксиданти како колин, зеаксантин и бета-каротен кои овозможуваат заштита од низа болести – од обична настинка па сè до рак. Со оглед на тоа дека речиси 90 отсто од дињата е вода, таа е идеална за хидратација во текот на жешките летни денови. Особено им се препорачува на лицата кои имаат проблеми со бубрезите.

Во Индија се мелат семките од дињата и се додаваат во напитоци од јогурт и млеко, а исто така се користат и во слатки и алва.

Дињата содржи нутриенти важни за здравјето на очите, го намалува ризикот од астма, го регулира крвниот притисок, помага при варењето, но придонесува и за убава кожа и коса. Маслото од семки од диња некогаш било лек против кашлица и висока температура, а се користи и за олеснување на варењето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.