Зошто ни една диета без јаглехидрати не може да биде успешна?

Умереноста во исхраната е клучот за совршено тело

Шеќерите се гориво за организмот!

Одамна е јасна дека популарните диети што се засноваат на откажување од јаглехидрати не даваат резултати на долги стази. Само умереноста во исхраната може да ни помогне да ја задржиме линијата, без да чувствуваме дека сме на диета. Време е да престанеме со популарните диети и да почнеме да слабееме на здрав начин.

Јаглените хидрати не се штетни, тие се неопходни

Иако секоја модерна диета се заснова на тоа да внесувате минимално или воопшто да не внесувате јаглени хидрати, мора да знаете дека за да одржи енергетски баланс, на организмот му требаат од 55 до 65% јаглени хидрати дневно во исхраната. Јаглехидратите му овозможуваат на организмот да функционира непречено и да биде поздрав. Да, броењето на калориите важно, но не смеете да го занемарите уживањето во јадењето. Односот помеѓу внесените и потрошените калории е она на што треба да се фокусирате. Поради тоа, ако сакате да ослабите на здрав начин, сѐ што треба да направите е од препорачаните 2.200 калории дневно да исфрлите 500, што значи дека не постојат намирници кои ви се забранети со оглед на тоа што имате голем избор со преостанатите 1.700 калории.

Шеќерите се гориво за организмот

Здрава диета може да биде само онаа за време на која постои рамнотежа меѓу телото и духот. Хедонизмот е важен дел од здравиот дух, па затоа во вашиот режим на исхрана секогаш мора да има место за десерт. Не само што шеќерите се важен дел од исхраната, тие се и погонско гориво за секој организам. Наместо да ве гризе совест поради тоа што сте изеле колач или сте испиле чаша од омилениот газиран пијалак, експертите советуваат да одберете момент во текот на денот кога ќе изедете нешто слатко, но тоа да биде планирано. Ова е посебно важно за активните вежбачи, бидејќи шеќерите им се неопходни на мускулите за да го издржат тренингот.

„Генерално не постои храна од која слабееме или се дебелееме. Клучното решение е во паметната рамнотежа помеѓу внесот на храна и физичката активност, бидејќи балансот ќе го подобри метаболизмот, а тогаш организмот ќе ги користи сите негови природни механизми за регулација на телесната тежина. Значи можете да јадете и пиете сѐ, во умерени количини, доколку редовно вежбате“, советуваат нутриционистите.

Никогаш не ги прескокнувајте оброците

На жените со просечна тежина, доволно им е да внесат од 1.900 до 2.200 калории дневно за да го задржат енергетскиот баланс. Нутриционистите постојано истакнуваат дека не треба да се прескокнува ниту еден оброк, бидејќи така директно се нарушува балансот на организмот. Тоа значи дека ако сте го намалиле бројот на калории што ги внесувате, потребно е да ги распределите на помали оброци: 400 калории да појадок, 700 за ручек, а за вечера 400. За ужините, оставете од 100 до 200 калории. Прескокнувањето на појадокот лесно може да влијае контрапродуктивно на вашата линија, бидејќи подоцна во текот на денот несвесно ќе станете посклони на внесување повеќе калории. Освен тоа, појадокот е прилика кога без никаква грижа на совест можете да си дозволите јаглени хидрати: тост, сендвич, омилената напивка, па дури и остатокот од вчерашната вечера, бидејќи и онака ќе ја согорите таа енергија во текот на денот.

Не е точно дека диеталните производи не дебелеат

Никој не добил придобивки од исфрлањето на мастите од менито, кои притоа ги заменил со ист број калории. Мастите се многу потребни за организмот. Доколку ги исфрлите, нема да внесете сите потребни нутриенти и така ќе го нарушите својот баланс. Ако сакате да си подарите здрав тело и дух, можеби е време да почнете да практикувате умерена исхрана. На пример, наместо свинско, кое е извор на вишок калории и заситени масни киселини, јадете мисиркино месо. Исто така, помфритот можете да го замените со варен компир и така да го одбегнете внесот на голем број масти. Штотуку го добивте совршениот диетален ручек!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време