Зошто јапонската диета е идеална за Македонците: Ако сакате здравје и долг живот, хранете се вака! (МЕНИ)

Здрава исхрана

Јапонците имаат импресивен начин на исхрана што подразбира риба, зеленчук и ферментиран зеленчук, односно салати како нашите туршии и кисела зелка

Јапонците имаа многу здрави навики во исхраната и нивното мени се состои од риба, многу свеж и кисел зеленчук. Токму поради нивната исхрана, Јапонците се долговечен народ.

Зошто јапонската традиционална храна е толку здрава и што тие јадат?

Традиционалната јапонска исхрана е сочинета од свежи и непреработени производи, со многу малку рафинирана храна или шеќери.

Истражување на Британскиот медицински журнал открил дека луѓето кои се придржувале до насоките на јапонското мени – диета богата со житарки и зеленчук, со умерени количини на животински производи и соја, но со минимална количина на млеко и овошје – имале намален ризик од рана смрт, болести на срцето и мозочен удар.

Бидејќи нивната исхрана традиционално е богата со соја и со риба, ова исто така може да игра значајна улога во намалениот ризик од кардиоваскуларни болести.

Јапонците исто така имаат намалена стапка на гојазност помеѓу мажите и жените, како и долг животен век.

Традиционално јапонско мени:
  • Секој ден се јаде риба: жива, пржена, а најчесто варена.
  • Јадат многу кисела и ферментирана храна, нешто како нашите кисела зелка и туршија
  • Сојата е составен дел од исхраната, обожаваат грав и други мешунки. Ферментираните производи од соја се основата на јапонската кујна.
  • Јапонците јадат морски алги, кои се преполни со минерали за зајакнување на имунолошкиот систем.
  • Овошје јадат за појадок или како десерт, особено каки-јаболка и мандарини.
  • Зелениот чај се пие како кај нас кафето. Инаку зелениот чај е познат како исклучителен антиоксиданс, кој му помага на телото да се избори со вируси и болести на срцето.
Здрав став кон храната:

Од мали нозе, Јапонците учат да се хранат правилно, во смисла да јадат додека не наполнат 80% од желудникот, а потоа престануваат. Стануваат од маса, па ако повторно се гладни, се враќаат да јадат по половина час.

Начинот на кој Јапонците ја послужуваат храната исто така е интересен. Имено, тие ја сервираат храната во мали садови и служат неколку видови јадења. Обично во чиниите има малку ориз и месо, а на големите чинии има многу свеж и кисел зеленчук. Масата се ротира, а луѓето си сипуваат по малку од сè во својата мала чинија.

Јапонците се големи заговорници за контролирано јадење грицки и десерти. Тие го јадат сето тоа, но умерено.

Зошто ваквата исхрана е совршена и за Македонците?

Македонците во својата традиција имаат два големи поста: еден зимски – Божиќен, а вториот е пролетен Велигденски пост. Во текот на постот се јадат зеленчук и риба, како и житарки, односно сето тоа што ја сочинува јапонската традиционална исхрана.

Постот подразбира и воздржување од прекумерно јадење и пиење, што повторно е дел од јапонската традиција и култура.

Доколку сакате да е огледате на јапонската култура на консумирање храна, просечниот Македонец само треба започне со постење.

Секојдневно јадете големи количини на свеж зеленчук, но и кисела зелка и туршија. Јадете риба најмалку 2 пати неделно, а наместо благо, јадете суво и свежо овошје, како и јаткасти плодови.

Јадете само онолку колку што ви е потребно за да го намалите гладот, и не заборавајте дека здравјето е на прво место!

Диетата со ориз е светски хит: Ги топи маснотиите, но може да го регулира и холестеролот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.