Жолта, зелена или црвена: Еве која пиперка е најздрава и зошто!

Не се сите пиперки исти!

Прочитајте како бојата на пиперката одредува која е најдобра

Пиперката е еден од најздравите производи на светот, бидејќи е богата со многу хранливи состојки и минерали, како што се витамините Ц, А и Е.

Освен тоа, богати се со каротеноид зеаксантин, кој е исклучително важен за здравјето на очите.

Пиперката содржи повеќе витамин Ц од лимонот

Пиперката содржи околу 300 милиграми витамин Ц, повеќе од лимонот и портокалот! Токму затоа пред многу години се користела за лекување скорбут – болест што настанува поради долготраен недостиг на витамин Ц.

Освен тоа, пиперките помагаат во борбата со вишокот килограми. Содржат околу 50 калории, малку маснотии и јаглехидрати и многу вода. Исто така, богати се со магнезиум, железо, калиум, калциум и бета-каротен.

Црвена, зелена и жолта – која е најздрава?

Се разликуваат според периодот на зреење. Имено, зелените пиперки се берат додека се многу млади и имаат малку горчлив вкус.

Жолтите пиперки се берат средно зрели, додека црвените пиперки созре ваат уште еден месец.

Поради највисоката количина на витамин Ц, како и многуте секундарни масла, црвените пиперки се најздрави.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.