Житарка што Новак Ѓоковиќ секојдневно ја консумира: Богата е со минерали неопходни за функционирање на организмот

Исхрана

Станува збор за житарки што содржат осум аминокиселини кои му се потребни на организмот.

Нутриционистите нагласуваат дека секој ден на нашата трпеза треба да се најде еден грст житарки.

Ваквиот начин на исхрана е превенција од срцеви болести, карцином, дијабетес и други тешки хронични заболувања.

За лицата на кои им пречи глутенот или кои страдаат од целијаклија, како Новак Ѓоковиќ, важно е да одберат житарки кои не содржат глутен. Затоа српскиот тенисер најчесто избира киноа.

Таа содржи повеќе протеини, витамин Б, диетални влакна и минерали отколку многу други житарки.

Она што е важно да се спомене е дека киноата ги содржи сите осум аминокиселини кои на човекот му се потребни, за разлика од преостанатите житарки кои содржат најмногу три. Во некои земји луѓето ја прифаќаат киноата како суперхрана.

Притоа, киноата не содржи глутен и многу е лесна за варење.

Киноата е всушност псевдо-житарка, бидејќи се приготвува, консумира и содржи еднакви нутритивни вредности како и житарките, но спаѓа во тревното семејство.

Киноата е богата со многу минерали како и магнезиум, манган, железо, бакар, фосфор, цинк, селен, калиум и калциум кои се неопходни за правилно функционирање на човечкиот организам. Покрај минералите, содржат и голема количина на витамини и тоа, витамин Б комплекс и витамин Е. Исто така, содржат и голема количина на влакна, кои имаат позитивно дејство на метаболизмот.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.