Жената која живеела 122 години ги консумирала овие 3 намирници секој ден: Една од нив особено ќе ги воодушеви љубителите на благо!

Дознајте!

Жана Калман живеела 122 години, а во една пригода открила кои намирници ги консумирала секојдневно

Истражувањето на животните навики на шест луѓе кои имале повеќе од 100 години, довело до интересни заклучоци, а испитувањето го спровела британската компанија Eden’s Gate.

Очекувано, клучна ставка во истражувањето била исхраната на овие луѓе, како и социоекономскиот статус и количината на стрес под кој биле изложени во текот на животот.

Најстарата личност на светот била Французинката Жана Луиза Калман, која живеела дури 122 години, а таа во една пригода открила кои три намирници ги консумирала секојдневно.

Чоколадо

Жана јадела чоколадо по секој оброк. Иако на некои можеби им изгледа чудно, овој производ има бројни здравствени придобивки. Истражувањата покажале дека тоа е корисно за срцето, дека помага во борбата против канцер и заразни болести што го нарушуваат имунолошкиот систем. Секако, тука се мисли на темното чоколадо направено од 70% какао.

Маслиново масло

Американското здружение за болести на срцето наведува дека маслиновото масло, помеѓу другото, содржи витамин Е и го намалува нивото на лошиот холестерол. Со самото тоа, ризикот од срцеви заболувања е помал. Резултатите од истражувањето покажале дека консумирањето големи количини маслиново масло е поврзано со подолг живот. Лекарите советуваат да ги исфрлите од исхраната маргаринот и мајонезот, а да го вклучите маслиновото масло.

Вино

Калма навела дека особено сакала да пие порто, црвено вино што се прави во Португалија. Многумина го консумираат овој вид вино како дел од медитеранската диета, која е прогласена за најздрава. Секако, важно е да го консумирате во умерена количина, не повеќе од една чаша дневно.

3 тајни на младоста и долговечноста на луѓето постари од 70 години
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.