Зеленчук наречен здравје: Го зајакнува имунитетот, го снижува холестеролот и ја спречува појавата на карцином!

Јадете го свеж што почесто

Ниту еден друг зеленчук не може да му парира по своите придобивки што ги нуди за човечкото здравје

Зеленчук кој долго го одржува чувството на ситост, а со минимална количина на калории го зајакнува имунитетот, го регулира метаболизмот, го неутрализира дејството на слободните радикали, го намалува лошиот холестерол.

Од некои причини, сместен е во редот на зелјест зеленчук, но освен листовите, по изгледот нема ништо заедничко со останатиот листест зеленчук од ова семејство. Станува збор за келераба – вкусен и корисен зеленчук со необичен изглед. Необичен е бидејќи има стебло и плод во форма на јаболко од кои растат листести петелки.

Вкусот и структурата на келерабата, всушност, се слични на срцето на зелката. Постојат уште неколку сорти од овој зеленчук кои се разликуваат по вкусот и бојата, која варира од бледозелена до темно виолетова.

Келерабата може да се јаде само додека е млада. Младиот плод е многу сочен, мек и вкусен, па може да се јаде свеж како салата, додека стариот најчесто се готви, динста или пече.

Од младата келераба може да се приготви и свеж сок, кој има пријатен вкус, но само под услов да не стои долго. Ако стои подолго, сокот добива лут вкус, а мирисот му потсетува на сулфур.

За келерабата карактеристично е тоа што не може да се чува надвор од фрижидер или замрзнувач, бидејќи со стоењето станува дрвенеста, тврда и невозможна за јадење. Но затоа, во замрзнувач може да се чува и повеќе месеци.

Младите листови и стебленца на келерабата исто така може да се јадат, а содржат и многу важни витамини и минерали, меѓу кои особено важни се каротенот и фосфорот. Листовите се особено богати со провитамини на витаминот А, кои се особено важни за зачувување на клетките. Од тие причини, нутриционистите советуваат дека и овие делови од келерабата може да се користат во исхраната, најчесто во вид на чорба.

Келерабата е зеленчук што заситува со минимална количина на калории. Содржи 6,2% јаглехидрати, 1,7% протеини и масти во траги. Но затоа е одличен извор на витамин Ц. Во 100 г од плодот го има дури во 62 мг, што претставува 78% од препорачаните дневни потреби. Ова е многу значаен детаљ, бидејќи витаминот Ц го зајакнува имунитетот, го регулира метаболизмот и го неутрализира дејството на слободните радикали.

Келерабата содржи и тијамин, нијацин, пантотенска киселина, витамин Б6 и фолна киселина. Од минерали, најмногу содржи калциум, железо, магнезиум, фосфор, бакар и манган.

Келерабата претставува и совршен извор на растителни влакна, важни не само за варењето, туку и за целокупното здравје на организмот. Токму влакната даваат долго чувство на ситост, поради што оваа намирница особено се препорачува во режимите за симнување вишок килограми.

Што се однесува до нејзината лековитост, делотворно дејствува на кардиоваскуларниот систем, а ја намалува и количината на лошиот холестерол во крвта.

Редовната употреба на свежа келераба во исхраната ја зголемува апсорпцијата на железото, одговорно за снабдување на крвта со кислород, благодарение на што се зголемува енергијата.

Овој зеленчук поволно дејствува и на здравјето на коските, на лимфниот и на системот за варење, на сврзното ткиво, на забите и на непцата. Се покажала и како многу ефикасна за ублажување едеми, кандидијаза и вирусни инфекции.

Со оглед на тоа што го стабилизира нивото на шеќерот во крвта, се препорачува и за хипогликемија и дијабетес. А ако редовно се јаде, го намалува ризикот од појава на камен во бубрег, додека благодарение на присутниот калиум, го снижува покачениот крвен притисок.

Дејствува и во случај на опстипација, а добро упатените тврдат и дека помага за превенција на карцином на дебелото црево.

Свежа е подобра

Се препорачува келерабата да се јаде свежа, бидејќи со термичката обработка губи од содржината на витамин Ц, кој е исклучително термолабилен. Младата свежа келераба може да се додаде во секој вид сезонска салата, но и во салати со овошје, риба, месо и сирење.

Зачинета со оцетни и јогуртни преливи, со додаток на сок и кори од агруми по желба, многу е вкусна и здрава. Келерабата може да се користи и како зачин за леб, како и во јадења со риба и со месо.

Ако мора термички да се обработи, цела келераба се готви половина час, а исечкана, десет минути, само колку да омекне. Вкусна е ако се приготвува на пареа, ако се динста, пржи, похува или пече во рерна.

Предлог за брза салата од келераба

Изрендајте келераба, бела и црна рдоква, сето тоа измешајте го и додајте малку јаболков оцет и маслиново масло. Можни се и поинакви комбинации, а ако сакате дополнително да го подобрите вкусот, додајте малку кисела павлака.

За подобро здравје: Намирници кои го зајакнуваат имунитетот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.