Зелена бомба со волшебно дејство: Ги исфрла токсините, ги симнува килограмите и ги јакне коските!

Лековита билка

ФОТО: Shutterstock

Целерот има многубројни здравствени придобивки

Целерот спаѓа во една од најхранливите и најздравите билки, која најчесто се користи во готвењето или како една од состојките на свежите салати.

Покрај коренот и листовите кои се многу лековити, особено ако ги јадете свежи, во зачувувањето на целосното здравје, одличен е и сокот од овој зеленчук.

Свежиот сок од целер е исклучително добар за организмот, бидејќи е многу богат со хранливи материи. Имено, целерот ги содржи речиси сите есенцијални минерали, витамини, богат е со антиоксиданси, ја поттикнува работата на бројни органи и прочистува од штетните материи.

Ги исфрла токсините

Сокот од целер го чисти организмот од токсини, го хидрира и дејствува алкализирачки. Содржи многу хранливи материи и може да биде силен диуретик така што го отстранува вишокот вода од телото.

Особено е ефикасен за прочистување и правилна функција на бубрезите, па затоа сировите рецепти што содржат целер се препорачуваат дури и за лекување на бубрежни каменчиња.

Ја одржува кожата здрава

Богат е со нијацин, витамини А, Б, Ц, К и фолати, кои се важни за зараснување на кожните оштетувања и за одржување на нејзиното здравје. Овие витамини помагаат во производството на колаген, па затоа и’ даваат младешки изглед на кожата.

ФОТО: Shutterstock

Го снижува холестеролот

Целерот содржи хемиско соединение, што се вика 3-н-бутилфталид, а кој на природен начин го снижува нивото на холестеролот во крвта. Исто така, сокот од целер го зајакнува излачувањето на стероидни киселини, кои исто така го намалуваат лошиот холестерол.

Ги зајакнува коските

Ако го погледнете малку подобро, ќе видите дека целерот личи на коска, а ако го поврземе тоа со идејата дека намирниците со својот изглед покажуваат за што се здрави, целерот би можеле да го поврземе со здравјето на коските. Но тоа не е единствениот доказ. Целерот содржи 23% натриум, исто толку колку и коската, па вреди да се размисли.

Освен тоа, многу е богат со силициум и калциум, кои ги јакнат и регенерираат оштетените коски. Исто така, богат е со витамин К, кој игра важна улога во заштитата од остеопороза и го одржува метаболизмот на коските.

Помага за слабеење

Сокот од целер содржи многу малку калории, а исклучително е богат со хранливи состојки. Па затоа, го држи апетитот под контрола и помага полесно да го изгубиме вишокот килограми.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време