Засладувачи – здрава замена за шеќер

Прочитајте!

Сојузници во борбата против вишок килограми

Консумирањето шеќер може негативно да се одрази на вашето здравје и да предизвика дијабетес, дебелеење и заболувања на срцето. Доколку се грижите за себе и сакате да се заштитите од негативните ефекти на шеќерот, ви нудиме пет природни алтернативи.

Големи количини на шеќер може да се најдат во многу намирници, како што се газираните и негазираните сокови, ароматизираните јогурти, речиси секој вид преработена храна, сосови, хот дог, месни преработени производи и разни видови храна што можеме да ги купиме во пекарница. Дури и ако одбегнувате десерти, можно е често да консумирате шеќер.

Засладувачите со нула калории се многу популарни во диеталните производи, а веќе неколку години и во индустријата за храна и пијалаци, и истражувањата покажуваат дека тие може да бидат ваш сојузник во процесот на губење телесна тежина.

Овие засладувачи ќе ја намалат вашата потреба за благо:

Кокосов шеќер

Познат и како шеќер од кокосова палма, а доаѓа од сокот на цветот кокос. Се вари побавно од обичниот шеќер, добро влијае врз нивото на шеќер во крвта и го подигнува нивото на енергија во организмот. Содржи калиум, магнезиум, цинк и други минерали, како и витамини Б1 и Ц. Има благ вкус на карамела.

Јаворов сируп

Истражувањата покажуваат дека јаворовиот сируп содржи најмалку 54 различни хранливи соединенија. Некои од нив се користат за спречување дијабетес, канцер и воспаленија. Тука се мисли на јаворов сируп, а не на пченкарен или на некој друг со арома на јавор. Можете да го користите со скара, како прелив за салата и, секако, како додаток на палачинки.

Стевија

Се користат листовите од грмушката латиноамериканска стевија. Овој засладувач содржи витамини, минерали и антиоксиданси, а нема калории. Исто така, не влијае врз зголемувањето на нивото на шеќер во крвта. Засладете го пијалакот или храната со течна стевија или онаа во прав. Користете мала количина од оваа билка, бидејќи е 400 пати послатка од шеќерот.

Црн засладувач

Нус-производите од шеќерот, содржат железо, магнезиум, минерали и витамин Б6. Тие се природен лаксатив. Се користат во рецепти што подразбираат шпинување, и во десерти, како и во глазури за мисиркино и пилешко месо.

Мед

Покрај тоа што содржи голем број витамини и минерали, непреработениот мед е добар во борбата против бактерии и вируси, а може да ублажи кашлица, воспаление на грло и други респираторни инфекции. Пијте го во топли напивки, јадете го со тост, во овесна каша, во салати или во путер од кикирики. Дозирано, колку на вашата омилена храна да ѝ даде сладок вкус.

5 природни засладувачи кои се многу поздрави од шеќерот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.