За витата линија и совршената фигура, актерката може да им се заблагодари на овие намирници: Еве што јаде Џулија Робертс!

Здрави избори

Актерката го започнува денот со две неверојатно здрави намирници

Појадокот на Џулија Робертс е одличен за слабеење и убавина, особено овие две намирници!

Актерката Џулија Робертс има 53 години, а нејзината вита линија и затегната кожа прават да изгледа значително помладо. Многумина се прашуваат како ѝ успева тоа, а актерката во едно интервју открила кое е нејзиното правило за исхрана.

„Главно одбегнувам глутен. Се обидувам да јадам здрава и органска храна“, нагласила Џулија.

Открила и како изгледа нејзиното просечно дневно мени:

Појадок
  • Тост
  • Авокадо
  • Јајце
  • Боровинки
  • Кафе
  • Кокосова вода
Ручек
  • Салата со пилешко на скара
Вечера
  • Див лосос
  • Авокадо
  • Кафеав ориз
  • Вино

Интересно е што актерката за појадок одбира две суперздрави намирници – авокадо и боровинки. Авокадото е богато со бројни витамини и минерали, содржи повеќе калиум од бананите, полно е со влакна и антиоксиданси, а го намалува апетитот и го поттикнува варењето, па се смета за една од најдобрите намирници за слабеење.

Боровинките содржат антиоксиданси и флавониди, го забавуваат стареењето, го штитат срцето, го подобруваат видот и го поттикнуваат метаболизмот.

Џулија Робертс не држи строги диети, па во текот на денот си дозволува да ужива во чоколаден колач. Како што нагласува, таа не усвојува здрави навики само поради изгледот, а убавината никогаш не ѝ била главен приоритет.

„Тајната на убавината е убаво да мирисате и секогаш да имате насмевка на лицето“, инспиративно кажала актерката.

План за исхрана и вежбање на Ким Кардашијан
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.