За правилно функционирање на организмот, неопходни се овие 5 намирници: Внесувајте ги секој ден и ќе бидете здрави!

Совет од нутриционисти

За да немате проблеми со здравјето, овие намирници нека се најдат на вашата трпеза

Здравата храна и физичката активност се сигурен пат до добро здравје. За да не морате да одите на лекар, обидете се вашата исхрана да ги содржи овие витамини.

Некои намирници и витамини мора да станат задолжителен дел од исхраната за да не го нарушите здравјето. Погрижете се да не ви недостига ниту еден од овие нутриенти…

Витамин К2

Благодарение на него, меките ткива задржуваат калциум, а речиси никој не го внесува во доволни количини. Може да го најдете во млечни производи, кељ и спанаќ. Овој витамин е од исклучителна важност за здравјето на трудниците.

Витамин Д

Овој витамин особено ни недостига во зимските месеци. Благодарение на него, имунитетот ќе ви биде јак исто како и коските. Добар извор е говедскиот или телешкиот џигер, жолчката, рибата, млекото, јогуртот, сокот од портокал, тврдите сирења.

Влакна

За правилно функционирање на органите за варење, неопходно е доволно да се внесуваат влакна. Производите од цели житарки, зелениот листест зеленчук, како и карфиолот, се одлични извори.

Омега-3 масни киселини

Драгоцени се за здравјето на срцето, а помеѓу другото, омега-3 масните киселини се содржат во маслиновото масло, рибата, како и авокадото, јаткастите плодови и семките.

Магнезиум

Магнезиумот учествува во многу биохемиски процеси во организмот, а одговорен е и за правилно функционирање на мускулите. Добри извори за овој важен нутриент се семките, јаткастите плодови и мешунките.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.