За да ослабите најважно е што јадете на крајот од денот: Нутриционистка открива како би требало да изгледа правилната вечера

Добро е да се знае

Килограмите исчезнуваат како на шега

Нутриционистката Сузи Бурели тврди дека тајната на витата линија лежи во правилно приготвената вечера што никогаш не би требало да ја јадете по 20 часот.

Многу луѓе најмногу храна јадат во текот на вечерта, а токму тоа е најголемата грешка. На телото му треба одмор во текот на ноќта, па затоа последниот оброк во денот не би требало да содржи повеќе од 400 калории.

„Се случува да бидеме зафатени во текот на денот и да не стигнеме да имаме правилни и хранливи оброци, па затоа јадеме нешто набрзина. Кога ќе дојдеме дома навечер, чувствуваме силен глад и во тој случај посегнуваме по нездрава храна и јадеме многу повеќе одошто навистина ни треба. Потоа обично се легнуваме во кревет, а тоа е одличен рецепт за качување килограми“, открива таа.

„Не само што лесната вечера ќе ви помогне да се чувствувате подобро и полесно, туку ќе имате и помирен сон, а наутро ќе се разбудите погладни, што е одлично. Така ќе имате пообилен појадок што ќе ви го покрене метаболизмот и подолго ќе ве држи сити.“

Целта на исхраната што ги топи килограмите е да ве воведе во рутина каде што појадокот ќе биде најобилен,  а вечерата лесна. Таквите оброци се патот до совршената тежина.

За да го испочитувате ова правило и да се задржите во рамката од 400 калории, вечерата нека ви биде богата со зеленчук, а порциите со протеини нека бидат минимални.

Парче црвено месо, пилешко или риба со големина на дланка ќе биде доволно. Со овој режим дозволено е и парче десерт, само внимавајте да се задржите на едно парче торта или еден ред чоколадо, но никако повеќе од тоа.

Прочитајте ги и советите од најдобриот експерт за здрава исхрана.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.