Војничката диета е вистинско чудо: Симнува и повеќе од 5 килограми за само 3 дена!

Супер ефикасна и брза

Можеби ви звучи нереално можноста да изгубите околу пет килограми за три кратки дена, а ако ви кажеме дека има и сладолед во менито ќе ви звучи како остварување на соништата, зар не?!

Токму тоа го ветува војничката диета и затоа е популарна ширум светот. Искуствата на корисниците се повеќе од позитивни и се смета за најбрзата и најефикасната диета на светот. Ви звучи предобро за да биде вистинито?

Како всушност функционира војничката диета?

Името „војничка“ произлегува од дисциплинираноста што корисниците на оваа диета мора да ја имаат. Мора да се придржувате апсолутно до сите правила што се наведени за да има ефект. И малото отстапување од правилата може негативно влијае врз губењето килограми.

Намирниците што се вклучени во менито најпрво ќе влијаат врз забрзувањето на метаболизмот и исфрлањето вишок вода од организмот, а потоа ќе го поттикне и процесот на согорување масти.

Нема приготвување комплицирани рецепти, купување скапи намирници, ниту броење здодевни калории.

Сè што треба е војничка дисциплина и слепо придржување до правилата.

Водата е дозволена во што поголеми количини, а се препорачува неколку минути пред секој оброк да испиете чаша млака вода.

Во текот на овие три дена, потребно е секој ден да станува во приближно истото време и оброците да бидат рамномерно распоредени за да не почувствувате глад. Во случај тоа сепак да се случи, не смеете да консумирате ништо освен вода и чај.

Физичките активности се дозволени и тоа во што поголема мера. Обидете се да бидете што поактивни. Покрај одењето во вежбалница и различните кардиовежби, се препорачуваат и подолги прошетки, возење велосипед, пливање, трчање и слично. Интензитетот на вежбањето прилагодете го на вашата тежина и кондиција за што подобри резултати.

По завршувањето на овие три дена неопходно е да ја коригирате исхраната за да не доживеете бумеранг ефект. Немојте одеднаш да ги вклучите сите намирници, туку обидете се исхраната да ви биде што побогата со свежо овошје и зеленчук, особено ако планирате да продолжите со губење килограми.

Запомнете дека војничката диета не смее да се држи подолго од предвидените три дена, за да го сочувате здравјето на вашиот организам.

Прилично едноставно мени

Менито е строго одредено за времето на држење на диетата и смее да се консумираат само намирниците што ги опфаќа. Тоа значи дека нема потреба да учите што смеете, а што не смеете да јадете.

Намирниците мора да ги консумирате според однапред предвиден редослед, а секое менување, изоставање или додавање одредени намирници, може да се одрази на процесот на слабеење. Затоа, обидете се оброците да ги консумирате на предвидениот начин, без исклучоци или додатоци.

Менито за три дена изгледа вака:
ПРВ ДЕН

Појадок: шолја топла напивка – кафе или чај без шеќер, парче препечен интегрален леб, половина грејпфрут и две помали лажичиња путер од кикирики (може и обичен) или сирен намаз

Ручек: кафе или чај, парче тост и половина шолја туна

Вечера: 100 г немасно месо пржено на фолија со малку маслиново масло, шолја боранија обарена во врела вода, јаболка, половина банана и шолја сладолед од ванила

ВТОР ДЕН

Појадок: кафе или чај, варено јајце, половина банана и парче интегрален тост

Ручек: 150 г младо сирење, тврдо варено јајце, 5 солени крекери и домат (или сок од еден домат)

Вечера: Две обарени виршли, 200 г брокули, парче свеж морков, половина банана и половина шолја од ванила

ТРЕТ ДЕН

Појадок: кафе или чај, пет солени крекери, две лажици сирење и едно јаболко

Ручек: парче тост, тврдо варено јајце и краставица

Вечера: шолја туна, половина банана и шолја сладолед од ванила

Јадете сѐ а килограмите се топат: Проверете зошто ротационата диета моментално е најпопуларна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.