Во текот на празниците држете се до правилото „80:20” и нема да се здебелите ниту грам – Џилијан Мајклс знае како да ужива во вкусната храна

Многу е едноставно и лесно

Често се случува за време на празниците да “качите” некој килограм вишок, и тоа е сосема нормално со оглед на вкусната храна која се наоѓа на секоја маса.

Сепак, за да го избегнете истото сценарио оваа година, ви претставуваме еден едноставен совет на личниот тренер Џилијан Мајклс.

Во објава на Инстаграм, Џилијан напишала дека има едноставен совет како оваа година да застанете на патот на “празничните килограми”. Во видеото, таа објаснила дека “на празниците треба да гледате како и на секој друг ден во годината и така и да постапувате”.

https://www.instagram.com/tv/B5Awy3iJviF/?utm_source=ig_embed

Во суштина, Мајклс советува за деновите во кои знаете дека ќе изедете повеќе намирници или нешто калорично, да направите неколку вежби повеќе. Со согорување на поголемиот број калории, ќе можете да се опуштите.

Исто така, таа советува да се држите до правилото “80:20”. Во тој случај, 80 отсто од храната која ја консумирате треба да биде здрава, додека останатите 20 отсто од храната можат да бидат нешто покалорично или нездраво.

Главната идеја е да не се претерува. Како последна опција предлага ден по обилниот оброк да консумирате лесна и здрава храна и да ги намалите оброците. Наведува дека истото важи и за пијалаците, па можете да испиете неколку чашки алкохол – но, без претерување.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.