Внимавајте! Дали сте слушнале за диетата наречена „заспаната убавица?“

Фото: Getty Images

„Злоупотреба на седативи за постигнување вита става“, „Жени што се подготвени да го преспијат животот за да ослабат“… „Опасна диета што советува сон наместо оброк“…

Ова се само некои од насловите што во последно време се појавија на Интернет предупредувајќи на новата лудост до која доведува желбата за вита става. Станува збор за нарушување во исхраната наречено синдром на заспана убавица или наркорексија (не треба да се меша со нарколепсија, нарушување на природниот ритам на сонот).

Лицата што страдаат од наркорексија, во текот на денот консумираат ограничен број калории, а кога веќе не можат да го поднесат гладот, посегнуваат по апчиња за спиење за да не јадат.

Според д-р Мајкл Брос, творецот на оваа диета, потребно е да издвоите 7-10 часа спиење и да јадете интегрални житарки, кои се добри за сонот.

Меѓутоа, ваквото однесување не само што го забавува метаболизмот туку може да доведе и до депресија. За ова нарушување е карактеристично што почнува како дисциплинирана стратегија за подобрување на здравјето, но доколку размислувањето за храната почне да доминира над сè друго – постои сериозна опасност да ќе се појават сериозни проблеми.

Со диетата на заспаната убавица се исклучува сопствениот живот само за да се избегне консумирање храна – што е доволен доказ за силното негативно влијание на ова нарушување во исхраната. Всушност, не станува збор за некаква програма за исхрана, туку за чиста редукција на внесувањето храна трошејќи го времето на спиење.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време