Внесувањето на овие 5 минерали е од клучна важност: Без нив телото почнува забрзано да старее, а имунитетот да слабее

Истражувања потврдиле

Внимавајте, особено во текот на летото, да го обезбедите телото со доволна количина на овие минерали

Сите знаеме дека доколку сакаме да имаме добро здравје, мора да го обезбедиме телото со доволно витамини. Витамините се оправдани хранливи суперхерои, но и минералите заслужуваат еднаква улога во оваа приказна. Истражувањата покажуваат дека тие се од клучно значење за мускулната снага и флексибилност, за густината на коските и здравјето на срцето и белите дробови. Внесувањето доволна количина на минерали е многу важно за правилна работа на тироидната жлезда, но и за одржување на младоликоста.

Налето особено важно е да јадете поголема количина на минерали, бидејќи тие се губат со потењето. Поради тоа, добро е да знаете кои се петте најзначајни минерали што треба да ги внесувате секој ден.

Железо

На организмот му треба железо, бидејќи преку него се пренесува кислородот низ организмот. Кога не внесувате доволна количина на железо, уморни сте и слаби, а тоа чувство може да ви прејде во навика доколку не го зголемите внесувањето на овој важен минерал. Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо во организмот, па добро би било да јадете намирници што ги содржат двата нутриента, а тука спаѓаат брокулите, спанаќот и другиот листест зелен зеленчук.

Калциум

Истражувањата покажале дека внесувањето доволна количина на калциум во детството помага до 18-та година да се постигне максимална коскена маса, што ја намалува можноста за развој на остеопороза во текот на подоцнежните години. Калциумот е важен за растот и развојот на коските, а особено важен е за децата. Тој може да се најде во млечните производи, но и во билките, како спанаќот.

Магнезиум

Магнезиумот, исто како и калциумот, е важен за здравјето на коските, но и за енергијата. Доколку не внесувате доволна количина на магнезиум во организмот, веројатно ќе чувствувате преголем замор. Истражувањата покажале дека магнезиумот придонесува за подобар сон, а ни овозможува да имаме доволно енергија во текот на денот. Освен тоа, истражувањата покажале и дека магнезиумот ги олеснува симптомите на предменструален синдром. Него ќе го најдете во семките од тиква, кикириките, бадемите, оревите, но и во билките како спанаќ, брокули, грашок и слично.

Цинк

Цинкот е многу важен за развој на когнитивните функции и за подобро помнење, а исто така му помага на телото да го произведе важниот хормон на тироидната жлезда, познат како Т3. Него ќе го најдете во гравот, јаткастите плодови, интегралните житарки, како и во морските плодови.

Калиум

Помага за регулирање на крвниот притисок, поради што е исклучително важен за здравјето на срцето, а исто така игра важна улога во функцијата на нервниот систем. Бананите се одличен извор на калиум, а зелениот зеленчук, слаткиот компир и лососот исто така го содржат.

По 40-те години, внесувањето на овие витамини и минерали е неопходно: Без нив мозокот забрзано пропаѓа!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.