И малата количина може да содржи многу повеќе шеќер отколку неколку свежи плодови
Сувото овошје на многумина им е омилено, бидејќи претставува слатка ужина полна со влакна и витамини, а неретко го ставаме и во колачи, кои самите по себе се слатки. За луѓето со дијабетес тоа може да претставува голем ризик, па треба да се бидете внимателен со неговата консумација. Во текот на сушењето, се отстранува водата од овошјето, а природните шеќери стануваат исклучително концентрирани. Затоа, и малата количина може да содржи многу повеќе шеќер за разлика од неколку свежи плодови.
Ова се најризичните видови суво овошје за дијабетичарите…
Грозје
Многу е слатко и лесно се претерува со количината. Иако има умерен гликемиски индекс (ГИ е мерката што ги означува брзината и интензитетот на растот на нивоата шеќер во крвта по јадењето одредена храна), малата порција и понатаму содржи многу шеќер. Експертите советуваат дека најдобро е да го комбинирате со јаткасти плодови или јогурт за да се намали штетното дејство на организмот.
Суви смокви
Нутритивно се богати, но ГИ им достигнува околу 61. Ако обожавате да ги јадете, нутриционистите советуваат да консумирате свежи смокви.
Сушено манго
Иако многу е вкусно, сушеното манго е еден од најголемите шеќерни шокови. Индустриските верзии честопати се дополнително засладени, па на луѓето со дијабетес им се препорачува да ги одбегнуваат за да намалат ризик од ненадеен скок на шеќерот во крвта.
Сушен ананас
Сушениот ананас има висок гликемиски индекс, кој дополнително го покачуваат и засладувачите. Консумирањето на овој производ претставува ризик поради ненадејниот пораст на шеќерот во крвта. На луѓето со дијабетес им се препорачува да не го консумираат овој производ.
Чипс од банана
Чипсот од банана честопати е пржен и дополнително засладен, содржи многу шеќери и масти, поради што претставува опасност за луѓето со дијабетес. Тој, исто така, брзо ја качува глукозата во крвта, па затоа, подобро е да се одбегнува.
Урми
Богати се со минерали и влакна, но и со шеќер, па затоа многу е важно луѓето со дијабетес да ги јадат умерено или комплетно да ги одбегнуваат.