Витата фигура нема ни цена ни алтернатива: Ова е суровата диета на Наоми Кембел!
Манекенката е сурова кон себе
Наоми јаде само еден оброк дневно!
Наоми Кембел е една од најпознатите и дефинитивно една од најзгодните светски супермодели. Иако тајната за нејзината совршена фигура долго време беше чувана, Шон Џон, главниот готвач во нејзината кујна, конечно ги споделил со јавноста намирниците без кои оваа манекенка не може да си го замисли денот.
View this post on Instagram
Педесетгодишната манекенка во една пригода признала дека консумира само еден оброк во денот, а судејќи по зборовите на нејзиниот готвач, дури и ова јадење мора да биде приготвено според одредени прописи.
View this post on Instagram
„За неа готвам веќе цела деценија. Моја должност е од намирниците што ги набавува Наоми сама, па правам по едно многу едноставно и здраво јадење дневно. Таа е ‘итал’, што е јамајкански збор за личност која практикува вегетаријански режим на исхрана. Кога патува, ѝ приготвувам храна за по пат, бидејќи не ѝ годи авионската храна“, изјавил Шон Џон.
View this post on Instagram
Тој додал дека Наоми не консумира често храна од неговиот ресторан.
„Наоми никогаш не нарачува храна од ресторан. Доколку се одлучи за таа опција, секогаш бара да ѝ приготвиме нешто што го нема на менито. За неа секогаш креирам некое ново јадење.
Уште една важна работа: Наоми обожава различни вкусови. Не одобрува сол и бибер, но многу ѝ се допаѓа зачинско билје“, заклучил готвачот.
View this post on Instagram