Вистинска бомба за имунитетот: Задолжително запишете го рецептот за оваа народна напивка!

Идеална е за во зима

Нутриционистите истакнуваат дека особено е важно да го вклучите ѓумбирот во секој домашен сок за јакнење на имунитетот

Во текот на зимата важно е максимално да го зајакнеме имунитетот за да ја пречекаме подготвени сезоната на вируси, настинки и грипови. Имунитетот најдобро се зајакнува со витамини, а најдобро е ако тие витамини се внесат преку храната.

Енергетскиот пијалак е најдобар кога ќе си го приготвиме сами, од свежи и домашни намирници, без додадени шеќери и адитиви.

Нутриционистите истакнуваат дека особено е важно ѓумбирот да се најде како една од главните состојки во вашиот домашен сок за зајакнување на имунитетот.

Ви предлагаме еден рецепт за здрав сок со многу витамини…

Состојки:
  • 1/2 до 1 см корен од ѓумбир
  • 4 исчистени моркови
  • 2 портокали
  • 1 лимон
Приготвување:

Излупете ги ѓумбирот, морковот и цитрусите, па сите состојки ставете ги во соковник, иситнете ги и напивката е готова. Ако ви пречат парчињата, можете да го процедите сокот низ чиста газа.

Сокот најдобро е да го консумирате свеж, но може да го чувате и во фрижидер неколку часа.

Зошто е добро да користите ѓумбир?

Ѓумбирот е богат со витамини Ц и Б6, со минерали како магнезиум, калиум и манган, а содржи и значајна количина на влакна, како и полифеноли.

Најважните биоактивни соединенија во него се џинџеролите, шогаолите и парадолите, кои потекнуваат од терпените и се заслужни за повеќето негови корисни својства.

Ѓумбирот може да помогне во зајакнувањето на имунолошкиот систем, така што го намалува ризикот од инфекции.

Лимонот и портокалот се богати со витамин Ц, а познато е дека тој е добар за имунитетот, додека морковот е богат со бета-каротен (што телото го претвора во витамин А), антиоксиданси и витамини (Ц, К и од групата Б).

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе