Ви откриваме: Дали сланината е здрава и дали навистина се качува холестеролот од неа?

Дознајте!

Дали смееме да јадеме сланина за појадок или вечера? Колку е здрава и дали ќе добиеме холестерол од неа?

Ние сме народ што обожава сланина и во нашата традиција има многу јадења што содржат свинска маст. Но колку сланината е здрава и како влијае врз нашето здравје?

Една од причините зошто сланината е толку нездрава е солта. Пред сушењето, сланината 7 дена треба да стои потопена во сол, по што се чади. Сланината што ја купуваме во продавница не е со истиот квалитет како онаа што се суши во домашни услови, затоа не може ни да се споредат овие два производа.

Друга проблематична ставка кај сланината се маснотиите. Сланината содржи околу 50% мононезаситени масти. Тоа е истата масна киселина што ја содржи и маслиновото масло, па генерално се смета за здрава за срцето.

Ако ги исфрлиме маснотиите и солта, останува уште холестеролот.

Научниците сега велат дека холестеролот од сланината претставува многу мал процент од холестеролот што се наоѓа во крвта.

Иако внесувањето голема количина на заситени масти може да зголеми одредени фактори за ризик од срцеви заболувања, истражувањата не успеале да откријат некаква доследна врска помеѓу внесувањето заситени масти и болестите на срцето.

Свинското месо е богато со многу хранливи материи, вклучувајќи протеини и неколку витамини. Истото важи и за сланината.

Меѓутоа, сè е во количината. Сланината може да биде здрава за вас, ако ја внесувате во ограничени количини. Тајната е во балансот.

Ви откриваме: Дали навистина постои здрав сендвич? И дали сланината е корисна за здравјето?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.