Веруваме дека навечер не треба да јадеме за да ослабиме? Сега пристигна нова студија која го вели сосема обратното

Диета

Многумина се раководат според тоа дека не треба да јадат во текот на вечерта ако сакаат да ослабат.

Истражувачите од Универзитетот во Абердин открија дека времето на појадокот ручекот или вечерата всушност нема влијание на губењето на килограмите, а метаболизмот навечер согорува исто толку калории како и наутро.

Една вообичаена теорија вели дека зголемувањето на количината на храна рано во текот на денот може да помогне да се игубат килограми и да се намали ризикот од здебелување. Тоа всушност би значело дека во текот на вечерата треба да ги намалиме оброците.

Неодамнешна студија ја објасни оваа метода и откри дека тоа нема да ни помогне да ги исфрлиме мастите.

Диетата на 16 мажи и 14 жени е контролирана во период од четири недели, како дел од студијата спроведена на Универзитетот во Абердин. Секој учесник добил иста здрава исхрана, но половина морала да јаде поголема количина на калории наутро, а другата половина за време на вечера.

По двонеделен период се замениле, така што луѓето кои јаделе голема количина на калории на крајот од денот сега ги јаделе наутро, и обратно. Резултатите открија дека во текот на денот кога луѓето јаделе поголема количина на калории не влијаело на количината на изгубена тежина. Сите учесници изгубиле иста количина на тежина во текот на секоја од четирите недели, што сугерира дека согорувале иста количина на енергија наутро како и навечер.

Ова би можело да биде многу корисно во реалниот свет, но не постои една диета која одговара на сите, тоа е нешто што е многу тешко да се измери“, истакна дека професорката Александра Џонстон, водечки автор на студии, “The Sun”.

Една популарна метода која функционира ширум светот е дефицит на калории, кој се постигнува кога ќе внесувате помалку калории од што вашето тело троши.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.