Важно е што јадете за појадок: Храна која е најдобра за ментална и физичка енергија

Појадокот, според сите нутриционисти, е најважниот оброк во денот и затоа е многу важно што има во чинијата. Првиот утрински оброк ви ја дава менталната и физичката енергија потребна за тој ден, а повеќе студии покажаа дека децата и возрасните кои појадуваат добиваат повеќе влакна, калциум, витамин А, витамин Ц, рибофлавин, цинк и железо во исхраната отколку оние кои го прескокнуваат тој оброк.

Појадокот им помага на срцето, густината на коските, метаболизмот и варењето на храната и важно е да знаете која храна е најдобра за тоа, а диететичарката Франсис Ларгман-Рот го откри списокот.

Јајца

Јајцата се едни од најразновидните намирници, и прават брз и хранлив појадок во каква било форма. Според Ларгман-Рот, јајцата се едни од ретките извори на витамин Д.

Ова е потребно за правилна имунолошка функција, особено затоа што повеќето од нас немаат доволно витамин Д – објаснува таа.

Овес

Можете да го користите во пецива и во овесна каша. Можете исто така да го блендирате и да го користите како брашно. Без оглед на тоа како ќе одлучите да го користите, овесот е одличен за вашето срце. Растворливите влакна што ги содржи, бета-глукан, имаат можност природно да ги намалат нивоата на холестерол. Покрај тоа, овесот содржи отпорен скроб кој делува како влакна и помага да се чувствувате сити подолго.

Зелено смути

Зеленото смути е полно со здравствени придобивки. Тоа е мешавина од овошје, зеленчук и билки, и полно со витамини од групата Б. Одлично е за зголемување на енергијата пред тренинг.

Прочитајте и: За витка линија важно е и што пиете: Еве што се препорачува

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.