Вака се прави ореовка: Природен лек за тироидна жлезда и забрзување на метаболизмот!

Ликер од ореви

Ако сте се прашувале дали постои вкусен лек, ќе ви кажеме само дека постои и дека се вика ореовка

Нашите баби и дедовци обожавале ликер од зелени ореви. Добро знаеле дека тој е поделотворен од многу лекови. Оревите лекуваат разни заболувања, а многу помагаат и за проблеми со штитната жлезда, грлото, респираторните патишта, како и за бронхитис, но и за зајакнување на имунитетот.

Народната медицина препорачува ореовка за лекување анемија, но и како прва помош за стомачни проблеми и за забрзување на дигестијата.

Сега е вистинско време за берење млади, зелени ореви и за правење ликер од ореви, односно ореовка.

Состојки:
  • 40 млади ореви
  • 1 кг мед
  • 1 л ракија
Приготвување:

Ставете ракавици и исечкајте млади ореви, па ставете ги во поголема стаклена тегла. Врз нив додајте 1 кг мед и 1 л ракија. Затворете со соодветен капак, па оставете ја теглата да стои на сонце 40 дена.

Повремено промешувајте ја смесата со пластична лажица.

Примена: Секое утро на празен желудник испијте по една мала чашка за ракија од овој ликер.

Ореовката е исклучително богата со јод, па затоа е добар лек за болести на тироидната жлезда. Пред послужување, протресете ја малку ореовката за да се подигне лековитиот талог.

Како аперитив, служете ја ореовката со мраз и резанки лимон.

Медот и оревите се вистинско лековито богатство: Овие 9 здравствени проблеми исчезнуваат за миг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.