Вака медот станува канцероген, а месото извор на зарази: 9 опасни грешки во готвењето!

Спречете ги ризиците

Зошто не треба да чекате храната да се олади за да ја ставите во фрижидер?

Готвењето дома има многу предности, но навистина е важно да се придржувате до одредени правила за да ја сочувате храната и да биде безбедна за јадење.

Невозможно е да се препознаат опасните бактерии по изгледот или вкусот на храната. Меѓутоа, дури и малата количина на такви бактерии може да доведе до сериозно труење. За да го одбегнете тоа, не правете ги следниве девет грешки.

1. Одмрзнување месо на собна температура

Опсегот на температурата што се смета за ризична за чување храна е од 5 до 60 степени. На оваа температура, штетните бактерии од храната можат брзо да растат и да се размножуваат. Поради тоа, месото секогаш треба да го одмрзнувате само во фрижидер или во микробранова печка.

2. Миење живо месо

Мислиме дека кога ќе измиеме нешто, тоа и сме го исчистиле, но тоа не е случај со месото. Миењето живо пилешко, говедско, свинско, јагнешко или телешко месо пред готвењето, не се препорачува. Причината за тоа е што бактериите од месото лесно можат да се прошират на други производи, површини и прибор.

3. Ладење храна пред да ја ставите во фрижидер

Ова правило е од истата причина зошто и одмрзнувањето месо на собна температура е лоша идеја: бактериите брзо растат на температура од 5 до 60 степени. Поради тоа, може да биде навистина опасно оставањето производи што брзо се расипуваат надвор од фрижидер подолго од еден или два часа.

4. Пробување храна за да видите дали се расипала

Невозможно е да ги препознаете опасните бактериите по изгледот или вкусот на храната. Меѓутоа, дури и мала количина на такви бактерии може да доведе до сериозно труење со храна. За да го одбегнете тоа, фрлете го секој производ за кого се сомневате дека се расипал.

5. Пробување сирови теста

Никогаш не смеете да јадете живи јајца во кој било облик. Постои голема можност да ја содржат бактеријата позната како салмонела, која е прилично опасна за луѓето. Не пробувајте ни живо тесто, дури и ако е без јајца, бидејќи брашното може да содржи ешерихија коли.

6. Маринирање месо или риба надвор од фрижидерот

Ова е уште една типична грешка што може да доведе до труење со храна. Повторно, секогаш имајте го предвид ризичниот опсег на температурата за раст на бактерии. Штом ставите маринада, ставете го месото или рибата во фрижидер.

7. Недоволно печено месо или риба

Храната се смета за сигурна само кога се загрева на одредена температура. Ова е најдобриот начин да бидете сигурни дека сите бактерии исчезнале. За да бидете сигурни дали рибата или месото се правилно зготвени, може да користите кујнски термометар.

8. Не ги миете рацете пред готвење

Бактериите живеат на сите површини, дури и на нашите раце. Помислете само колку работи допирате во текот на денот, а кога ќе почнете да готвите без да измиете раце, сите тие бактерии можете да ги пренесете во храната. И не заборавајте да измиете раце и кога ќе завршите со готвење.

9. Изложување мед на високи температури

Според истражувањата, изложувањето мед на високи температури може да доведе до намалување на неговиот квалитет и може да доведе до зголемување на некои канцерогени соединенија. Така што, подобро е да не додавате мед во врел чај, на пример или врели оброци.

Ова е единствениот начин да го отстраните коронавирусот од овошјето и зеленчукот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.