Циметот е здрав, но не се препорачува секогаш…

Бидете внимателни

Цимет се користи во традиционалната медицина со векови!

Циметот содржи цинамалдехид, соединение кое му дава карактеристичен мирис и вкус на зачинот, како и здрави својства. Студиите покажуваат дека циметот има антимикробно, антиинфламаторно, антидијабетично, антиканцерогено дејство.

Помага и при слабеење, но и во борбата против акните.

Дијабетес

Циметот има значително влијание врз шеќерот во крвта. Дијабетичарите кои земаат лекови за контрола на шеќерот во крвта треба да избегнуваат големи количини цимет. Иако студиите покажуваат дека циметот може да го намали шеќерот во крвта, земањето големи количини може да има негативни ефекти.

Разговарајте со вашиот лекар пред да земете цимет како додаток. Употребата во рецепти и посипувањето на пијалаци е сосема во ред.

Алергии

Некои луѓе се алергични на цимет или им предизвикува иритација на кожата и устата. Ако се појави иритација, престанете да користите производ кој содржи цимет. Исто така, кумаринот, состојка која се наоѓа во некои производи од цимет, може да предизвика проблеми со црниот дроб доколку се консумира во големи количини.

Цимет и губење на тежината

Можеби сте виделе текстови кои зборуваат за способноста на циметот да ви помогне да изгубите тежина. Иако е точно дека зачинот може да помогне во намалувањето на гликозата во крвта и да ви помогне да го намалите додадениот шеќер. Сепак, циметот нема магично да ви помогне во слабеењето.

Цимет и вашата кожа

Козметолозите зборуваа за придобивките од користењето маски за лице од цимет. Тие наведуваат дека маските од цимет имаат антибактериски својства и се ефикасни во чистењето на акните со уништување на бактериите што ги предизвикуваат. Зачинот има антибактериско дејство, но не го користете по целото лице, бидејќи може да предизвика иритација, особено на чувствителната област околу устата и очите.

Прочитајте и: Што предизвикува висок крвен притисок и како да се намали ризикот?

 

ФОТО: Getty Images

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време