Тридневна диета што гарантира резултати: Ќе стопите 4 килограми додека да трепнете!

Брзо губење на килограмите

Оваа диета се заснова на намалено внесување калории и на забрзан метаболизам што ја согорува зголемената количина на маснотии

Првите варијанти на оваа тридневна диета настанале кон крајот на 80-тите години и се викале војничка диета, морнарска диета и слично. Заедничко им е тридневното траење и губењето од 4 до 5 или повеќе килограми за три дена.

Повеќето варијанти вклучуваат консумација на голема количина туна и зеленчук и сладолед навечер со пиење барем четири чаши вода.

Самата диета е многу рестриктивна енергетски и ветува брзо губење килограми за краток период што со себе го носи ризикот од забавување на метаболизмот и последично враќање на килограмите откако ќе заврши диетата.

Единствената предност на ваквиот начин на исхрана е тоа што кратко трае, па нема да дојде до дефицит на витамини и минерали.

Повторете го следниов план за сите три дена:

Појадок: половина грејпфрут, парче потпечено лепче, две лажици путер од кикирики и кафе или чај (се мисли на чај со кофеин)

Ручек: половина шолја туна, парче потпечено лепче, кафе или чај

Вечера: 100 грама кое било месо, шолја зелен грашок, половина банана, помало јаболко и шолја сладолед од ванила.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.