Тиквата како извор на здравје

Пробајте ги овие коктели!

Коктелите од тиква помагаат за јакнење на имунитетот, даваат енергија и го враќаат доброто расположение.

Благодатите од тиквата одамна се познати. Корисна е во секаков облик – како варена или печена, така и сурова. Можете да употребувате до половина килограм свежа на ден, а варена или печена до два килограма. Коктелите од тиква помагаат за јакнење на имунитетот, даваат енергија и го враќаат доброто расположение.

* Потребно ви е 100 г морков, 150 г тиква, чаша јогурт или кисело млеко. Крупно изрендајте го морковот, тиквата исечкајте ја на ситни коцки, ставете ги во блендер, додајте го јогуртот и сето тоа сомелете го. По желба можете да додадете мед, цимет, куркума или сомелено мускатно оревче.

* Двесте грама тиква, портокал и по две урми и суви кајсии исечкајте на коцки, иситнете ги во блендер, па посипете со цимет.

* Помешајте 200 г тиква, банана, две лажичиња иситнет свеж корен од ѓумбир, 30 г сомелени бадеми, лажиче мед и цимет (во блендер сомелете ги бананата, тиквата и ѓумбирот).

Препорачаните коктели, покрај тоа што се многу здрави и хранливи, имаат преубав вкус. На организмот му даруваат мноштво витамини и важни минерали, го подобруваат варењето, го зајакнуваат видот, благотворно дејствуваат на состојбата на кожата и косата. Пробајте ги!

 

Фото: Pixabay.com

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.