Тања Савиќ откри како го стопила салото од стомакот: „Конечно успеав да го симнам! Сега никаде немам вишок“

Пејачката не крие дека е голем гурман, но кога килограмите ќе почнат да се таложат, знае точно што треба да промени – а нејзиниот метод повторно го привлече вниманието!

Тања Савиќ не крие дека ужива во храната, но признава и дека е склона кон зголемување на телесната тежина. Кога ќе забележи дека килограмите се наталожиле, пејачката прави промени во исхраната и се враќа на полесни оброци.

Како што самата открила, килограмите најмногу ѝ се забележуваат во пределот на стомакот, па токму таму најбрзо ја забележува промената.

Штом ќе се здебелам некој килограм, стомакот веднаш ми се зголемува и тоа ме нервира. Конечно успеав да го намалам! Сега никаде немам вишок. Навистина се стегнав во тој дел од телото и презадоволна сум од тоа како изгледам.

Не можела да издржи само на сокови

Тања открила дека првично се обидела со детоксикација во текот на која требало да консумира само сокови од овошје и зеленчук. Сепак, брзо сфатила дека не може целосно да се откаже од цврстата храна.

Затоа направила компромис – соковите ги задржала за појадок, а во текот на денот јадела помали и полесни оброци.

Почнав со детоксикација и требаше да пијам само сокови од овошје и зеленчук, но не можев да издржам без да ставам ништо во уста. Исцедените сокови ги задржав за појадок, а решив покрај тоа да имам помали и лесни оброци. Јадев салати, пилешко, риба… Секако, сето тоа без леб.

Пејачката открила и дека драстично ја намалила количината на храна што ја внесувала, што, според нејзиното искуство, брзо дало резултат.

„Склона сум кон дебелеење“

Иако успева да ја одржува витата линија, Тања признава дека мора повремено да внимава на исхраната.

Склона сум кон дебелеење, па морам одвреме-навреме да ја регулирам исхраната за да ја одржувам витата става.

Токму затоа, кога ќе забележи дека почнува да се здебелува, нејзиниот прв чекор е да ги намали порциите и да избира полесна храна.

Сепак, нејзината исповед покажува и дека не се откажала целосно од храната – напротив, сама признава дека е голем гурман и дека понекогаш тешко му одолева на добриот залак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

Намалувањето на телесната тежина не значи дека масното ткиво може целно да се отстрани само од стомакот. Резултатите од одреден режим на исхрана се индивидуални, а за безбедно и одржливо слабеење најдобро е да се побара совет од лекар или нутриционист.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе