Тајната на нејзината вита линија и челични стомачни мускули: Џеј Ло ги јаде само овие производи!

Сите ѝ завидуваат на изгледот!

За да ја задржи својата вита линија, Џенифер редовно вежба, но практикува и една популарна диета

Холивудската актерка и пејачка Џенифер Лопез (49) важи за една од најзгодните жени на светот, а својата линија ја одржува со вежбање и исхрана.

Џеј Ло секој ден оди во вежбалница и прави исцрпувачки вежби во друштво на својот дечко Алекс Родригез. Популарниот пар го смислил и започнал предизвикот „10 дена без шеќер и јаглени хидрати“ кој со брзина на светлината се раширил на Интернет.

Џеј Ло уште на четвртиот ден од оваа популарна Кето-диета се пофалила со фотографија на која се гледаат нејзините челични мускули на стомакот.

https://www.instagram.com/p/BtCF3ZwAnPz/?utm_source=ig_embed

„Четврти ден и се чувствувам малку подобро. Кој е со мене?“, напишала во описот на сликата.

Познатиот пар моментално јаде свеж зеленчук, ориз и риба.

„Излезе дека постојано сте гладни кога не јадете слатко и јаглени хидрати. Затоа сега се обидуваме да најдеме оброци што заситуваат“, признала Џеј Ло на првиот ден од диетата.

Ако сте на оваа диета, препорачливи производи се: месо, јајца, природни масти, како што се путер и маслиново масло, риба и морски плодови, зеленчук со малку јаглени хидрати, тврдо сирење, јаткастки плодови, а понекогаш може да вклучите и шумско овошје.

Забранети производи се оние кои содржат голема количина на шеќер и јаглени хидрати, а тоа се: тестенини, леб, сокови, десерти, компир, овошје, пиво, млеко и јогурти.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.