Светот полудел по оваа диета со мандарини: За 3 дена симнува и до 3 килограми!

Детокс

Љубителите на мандарини ќе ја обожаваат исхраната во која ова овошје ја игра главната улога, а која помага за слабеење

Мандарините се полни со витамин Ц, содржат малку шеќер и многу вода, па затоа освен што освежуваат, ја зголемуваат енергијата, без да ве наполнат со многу калории.

Го поттикнуваат метаболизмот и одлични се за симнување килограми. Па така, во светот се рашири интересната диета со мандарини.

Познато е дека цитрусите добро влијаат врз дигестијата, а во оваа група производи посебно се истакнуваат мандарините. Имено, 100 грама мандарини содржат околу 50 калории, но и импресивни 30 милиграма витамин Ц.

Исто така, содржат фолна киселина, калиум, железо, магнезиум, витамини Б1, Б2 и Б3, а богати се и со влакна. Затоа експертите се согласни дека тие се одлична замена за парче колач или овошен сок со додадени шеќери.

Освен што истражувањата покажуваат дека редовната консумација на мандарини помага во превенцијата од срцев удар, дијабетес, мозочен удар, етеричните масла што се добиваат од кората на мандарините се користат за опуштање, како и за борба со несоница.

Интересно е што мандарините можат да го прочистат организмот од токсини и да ви помогнат да симнете по некој килограм.

Прв ден

Појадок:
  • 2 децилитра сок од мандарини без шеќер или 5 мандарини
  • 2 варени јајца
  • кафе или чај без шеќер
Ручек:
  • 5 мандарини
  • 250 грама сезонска салата со лимонов сок
  • кафе и чај
Вечера:
  • 150 грама варено немасно месо
  • 200 грама зелена салата со сок од лимон
  • чај со мед

Втор ден

Појадок:
  • 2 децилитра сок од мандарини без шеќер или 5 мандарини
  • 2 варени јајца
  • кафе или чај без шеќер
Ручек:
  • 5 мандарини
  • 50 грама полномасно сирење
Вечера:
  • 200 грама риба
  • зелена салата

Трет ден

Појадок:
  • 5 цели мандарини
  • 2 лажици овесни снегулки измешани со една лажица грозје
  • кафе со засладувач
Ручек:
  • 5 мандарини
  • 1 шолја супа од зеленчук
  • неколку крекери
Вечера:
  • 200 грама пилешко
  • зелена салата

За време на оваа диета, важно е да консумирате минимум два литра вода.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.