Ако немате време секој ден да готвите, замрзнувачот може да ви стане најдобар сојузник. Некои јадења без проблем можете да ги подготвите однапред и да ги зачувате за деновите кога сте во гужва.
Планирањето на оброците однапред може значително да го скрати времето поминато во кујна. Наместо секој ден да размислувате што да подготвите, сварете поголема количина, поделете ја во порции и замрзнете ја.
Одличен избор се различни супи и чорби, особено крем-супите од зеленчук, но и домашниот зеленчуков или пилешки бујон. Кога ќе ви затреба брз оброк, само одмрзнете го и загрејте го, а по желба додадете тестенини или други додатоци.
Во замрзнувачот можете да чувате и панирани котлети, рибни стапчиња и домашни гиози. Практични се и замрзнатите појадоци – мафини со банана, јајца и сланина во тортиља или солени мафини со тиквички, кои брзо се загреваат и се подготвени за јадење.
pexels – kujna