Сурутката е вистински мелем за здравјето!

Неверојатни придобивки

Фото: Getty Images

Сурутката е „нуспроизвод“ во производството на сирење, и изобилува со корисни хранливи материи!

Богата е со магнезиум, калциум, цинк, фосфор, витамини од групата Б, аминокиселини. Добро делува на коските, бидејќи ги надополнува протеините, го хидрира организмот и е најдобрата замена за спортски пијалаци, па затоа често се користи во градење на тело.

Поради својата огромна хранлива вредност, таа дури се споредува со мајчиното млеко. Го стимулира растот на ацидофилни бактерии, кои се природен антисептик. Одличен е за диети и програми за детоксикација бидејќи го забрзува метаболизмот.

Сурутката помага при лачење на серотонин, хормонот на среќата, затоа се препорачува на сите кои се под стрес, а исто така е добра за враќање на енергијата, намалување на грчевите во мускулите и нивно опуштање. Кај постарите лица, сурутката спречува остеопороза, ги чисти крвните садови, ги отстранува плаките на забите, спречува кариес и го обновува и го штити црниот дроб.

Познато е дека терапиите со сурутка лекуваат цревни нарушувања (како што се неправилни столици), хормонални проблеми, дебелина и проблеми со циркулацијата, како што се затнатите артерии.

Се консумира со растворање на лажица сурутка во чаша вода и пиење како додаток во исхраната. Ако сакате овој пијалак да биде повкусен, додадете малку мед во топла вода и во него исцедете сок од два лимона и измешајте сè со еден литар сурутка.

Прочитајте и: Што е „појадок-диета“ и дали ни помага да изгубиме вишок килограми?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.