Страв и трепет за ракот и холестеролот: Доволна е само една шака дневно!

Прочитајте ги следниве неколку предности на јаткастите плодови

Дали знаете дека јаткастите плодови се одлични за мозокот?

Јаткастите плодови кои денес ги купуваме спаѓаат во нездрава храна кога се пржени, посолени или потопени во чоколадо. Но, ако се консумираат сирови или печени без додатоци, тие се вистински извор на здравје!
Истражувањето објавено во списанието American Journal of Clinical Nutrition докажало дека не мора да се ограничува внесувањето на јаткасти плодови во организмот. Имено, луѓето кои секојдневно консумираат јаткасти плодови или ги консумираат како замена за друга храна, полесно губат тежина и имаат потенок струк. Резултатите покажале дека јаткастите плодови не дебелат, а одлични се и за здравјето.

Прочитајте ги и следниве неколку предности на јаткастите плодови…

Го намалуваат стресот

Оревите се богати со алфа-линоленска киселина, па затоа го штитат срцето кога е изложено на голем стрес. Стресот обично доведува до пад на имунитетот, но ако јадете бадеми кои се богати со витамин Е, витамини од групата Б и магнезиум, ќе го сочувате имунитетот.

Го одржуваат здравјето на срцето

Бадемите, лешниците, кикириките, бразилските и домашните ореви играат важна улога во намалувањето на ризикот од појава на срцеви болести. Тоа е така затоа што јаткастите плодови можат да го намалат лошиот холестерол. Освен тоа, тие нудат здрави мононезаситени и полинезаситени масти, како и влакна, кои го штитат срцето. Јаткастите плодови се богати и со аргинин, аминокиселина која им помага на крвните садови да бидат опуштени.

Го снижуваат лошиот холестерол

Според едно истражување од 2010 година, секојдневната консумација на шолја јаткасти плодови го снижува лошиот холестерол за 7,4%. Освен тоа, концентрацијата на триглицериди паѓа за повеќе од 10%.

Ја спречуваат појавата на рак на бели дробови

Исхраната богата со фстаци може до некаде да го спречи развојот на рак на бели дробови. Научниците сметаат дека клучна улога во овој случај игра состојката гама-токоферол, тип витамин Е.

Заштитуваат од рак на простатата

Бразилските ореви изобилуваат со селен и можат да помогнат во борбата против ракот на простатата. Според едно истражување спроведено во Холандија, мажите кои имале високи нивоа на селен во крвта имале 60% помали шанси за добивање рак на простатата 17 години подоцна.

Го одржуваат здравјето на мозокот

Поради здравата количина на витамин Е, јаткастите плодови се сметаат за храна за мозокот, односно го спречуваат когнитивниот пад кој обично си доаѓа со годините. Особено се препорачуваат кикириките, бидејќи изобилуваат со витамини од групата Б.

Го подобруваат машкото репродуктивно здравје

Две шаки ореви на ден го подобруваат квалитетот на спермата во поглед на виталноста, подвижноста и квалитетот.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време