Според психолог, ова е нешто што сите треба да го направиме пред оброк

Современиот и брз начин на живот влијаеше на сите сегменти од животот. Ако се вратиме само пет години наназад, ќе сфатиме дека многу работи во нашите животи се различни.

Ако го продолжиме тој временски период или го споредиме својот начин на живот и оној на нашите родители на наша возраст, ќе видиме огромни разлики. Дружењето е различно, слободното време го користиме поинаку, начинот на работа се смени, но и начинот на исхрана. Колку пати сте јаделе оброк „во движење“? Колку пати сте проголтале брзо храна или сте јаделе зјапајќи во објавите на Инстаграм, пишувајќи е-пошта или зборувајќи на телефон? Нашата врска со храната стана скоро невидлива и почнавме да ја земаме јадењето здраво за готово.

Ако сте воспитани во верата, дел од вашите оброци сигурно биле молитва во која секогаш се слушало искреното „благодарам“. Без разлика дали вашите верувања се променија или останаа исти, клиничкиот психолог Карла Мари, автор на „Радост од страв“, вели дека краткиот прекин на благодарноста е нешто што треба да го направиме пред секој оброк. Без разлика дали некое лице е религиозно, духовно, агностичко или атеистичко, изразувањето благодарност пред јадење е начин да се цени времето, енергијата и напорот вложени во целиот процес на патување храна „од поле до маса“, рече Мари. Ако претходно сте изговориле благодарност до ручек, продолжете да го правите тоа. Но, ако не сте верник, подолу ќе најдете неколку начини да искажете благодарност пред секој оброк.

Направете едноставна пауза

Одморете се пред да започнете со јадење. Смирете се, длабоко вдишете и издишете неколку пати. Ослободете се од целиот стрес и вознемиреност и фокусирајте се на храната што ќе јадете. Јадењето всушност треба да биде форма на грижа за себе. Не бидете несвесни за вашиот оброк.

Обрнете внимание на мирисот на храна

Јадењето не е еднодимензионално, туку мултисензорно дејство. Храната ни дава енергија, но исто така ги гали нашите непца и нѐ храни со своите прекрасни мириси. Обрнете внимание на ова пред да започнете да јадете. Затворете ги очите, вдишете преку нос и ќе ја почувствувате вашата храна на поинаков начин и ќе станете повеќе благодарни.

Кажете едноставна благодарност или афирмација

Обично „благодарам“ и кратка пауза пред јадење ќе бидат доволни. Но, ако сакате да направите нешто свое и посебно, може да излезете со кратка афирмација што ќе ја кажете пред оброкот. Ние советуваме афирмацијата да нема повеќе од десет зборови.

Прочитајте и: Сите зборуваат за тоа колку се здрави, но овие 9 намирници можат да ви го нарушат здравјето!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.