Совети од нутриционист: 4 намирници што можете да ги купите без каење

За оние кои сакаат да изгубат тежина, најголем предизвик е купување намирници, дури и ако се здрави, бидејќи во морето од избори, често не сте сигурни што да одлучите.

Затоа ќе ги споделиме со вас најдобрите 4 намирници кои се наоѓаат на врвот на листата за шопинг на сите нутриционисти, а кои сигурно ќе ви помогнат во вашата мисија за слабеење.

Пуканки

Кој би помислил дека пуканките навистина можат да помогнат при слабеење? Кога ќе извадите вишок путер, масло и сол од пуканки, тие всушност можат да бидат одлична закуска што секогаш треба да ја имате дома. „Голите“ пуканки имаат само 30 калории по чаша, а исто така содржат антиоксиданти кои можат да помогнат во спречување на срцеви заболувања и некои видови на рак.

Тортили од пченка

Тие се одлична алтернатива на лебот. Всушност, тие секогаш се подобра опција од лебот затоа што имаат малку калории, маснотии и шеќер и многу растителни влакна.

Печурки

Печурките се нешто што дефинитивно сакате да го ставите во вашата корпа. Имено, една чаша печурки содржи само 15 калории, а покрај тоа имаат и здравствени придобивки за вашето тело. Познато е дека го намалуваат ризикот од многу болести како што се дијабетес и срцеви заболувања.

Спанаќ

Има причина зошто Попај секогаш носел конзерва спанаќ со себе! Познато е дека лисниот зеленчук, како спанаќот, ја зголемува енергијата и виталноста. Покрај тоа, тој е многу богат со железо и витамини кои помагаат во зајакнување на коските и градење на имунолошкиот систем. Еден оброк содржи само 23 калории – па што чекате?

Прочитајте и: Сируп од рен го забрзува метаболизмот и помага во одржување на тенка фигура

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.