Со помош на овој супертрик, секогаш ќе го залажувате мозокот дека сте сити

Совет од експерт

Фото: Unsplash

Секој што држи диета може да искористи трик за да ги држи под контрола порциите на храна. Диететичарката Ребека Гавторн објасни дека јадењата многу влијаат на тоа колку јадете. Нејзин совет е да користите помали чинии ако не сакате да се прејадете.

„Овој трик ќе го измами вашиот мозок и ќе ве натера да мислите дека сте сити. Ако се борите со големината на порциите, послужете ги оброците на помали чинии. Количината на храна е иста, но во помал сад се чини дека има повеќе“, напиша таа на Инстаграм.

Таа посочува дека луѓето служат помали количини храна во помали чинии, и затоа јадат помалку.

„Јас сепак предлагам да го слушате вашето тело и сигналите што ви ги испраќа, но ова е одлично за почеток за секој што тргнува на пат за слабеење“, заклучи таа.

Погледнете како тоа би изгледало во ова видео.

Прочитајте и: Пет знаци дека пиете премногу вода

 

ФОТО: Unsplash

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.