Смоквата е најлековитото овошје на светот: Секое утро јадете по една на празен стомак и ќе се изненадите од резултатите!

Суперхрана

Ќе ви се случат 6 одлични работи

Смоквите со причина ги викаат рајското овошје на Медитеранот. Нејзините лековити делови се плодот, млечниот сок, листот и кората на дрвото. Сувата верзија на смоквата се смета за суперхрана што ни е достапна во текот на целата година, но тешко може да се надминат сочните плодови кои на нашите простори се одгледуваат веќе илјадници години.

Свежите смокви содржат до 80 отсто вода, а со оглед на тоа што во нутриционистичка смисла смоквата дава енергија, најдобро е да се јаде наутро.

1. Го снижува крвниот притисок

Смоквите се одличен извор на калиум, кој помага за снижување и регулација на крвниот притисок. Минералот калиум ни е слабо достапен во храната, а неопходен ни е за правилна функција на организмот. Голем број луѓе страдаат од недостиг на калиум поради зголемената консумација на сол.

2. Помага за слабеење

Добар извор е на прехранбени влакна кои ја подобруваат дигестијата и подолго даваат чувство на ситост, па така помага и за губење килограми. Смоквата во својот состав содржи поголема количина на топливи и нетопливи влакна од преостанатото овошје. Топливите влакна влијаат врз снижувањето на холестеролот во крвта. Сто грама смоква содржат само 74 калории.

3. Го снижува шеќерот во крвта

Листовите од смоква го снижуваат шеќерот во крвта. Покрај во приготвувањето разни јадења, листовите може да се користат и во приготвувањето чаеви. Некои истражувања покажале дека смоквата помага во регулирањето на шеќерот кај луѓето кои страдаат од дијабетес тип 1.

4. Го подобрува расположението

Содржи голема количина на витамини Б комплекс, кои на нашето тело му даваат енергија, обезбедуваат еластичност на кожата и силни мускули. Уште придобивка од витамините Б комплекс е што ја подобруваат функцијата на мозокот и со самото тоа и концентрацијата и помнењето, поради што го подобрува расположението. Ако несоницата и ПМС-от се причината за вашето незадоволство, смоквата може да ви помогне поради големата содржина на магнезиум.

5. Помага при појава на брадавици

Во народната медицина смоквите се сметаат за одлични помошници кај проблемите со израстоци на кожата, како што се брадавиците и плускавците. Доволно е да притиснете половина свеж плод на местото на телото каде што се појавил проблемот, да го оставите прекуноќ, а наутро да го измиете со врела вода. Потоа, отстранувањето на проблемот оди полесно, а по потреба можете да ја повторите постапката и до 5 пати.

6. Содржи богатство од витамини и минерали

Високата концентрација на глукоза и фруктоза претставува здрава замена за белиот индустриски шеќер. Содржи многу железо, фосфор, калциум, калиум, магнезиум, витамини Б6, Е, Ц и витамин А. Богата е и со бета-каротен, па препорачливо е да јадете смокви неколку дена пред сончање. Содржат голема количина на вода и природни шеќери, па корисна е за закрепнување од истоштеност и за детоксикација.

Богатство од природата што лечи и подмладува: 6 причини зошто почесто би требало да јадете смокви!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.