Синди Крафорд (56) се колне во оваа диета и изгледа брутално: Овој режим на исхрана симнува 5 кг за една недела! (МЕНИ)

Ефикасно слабеење

Поранешната супермоделка практикува мини-диета кога сака да се ослободи од вишокот килограми

Синди Крафорд има 56, но и покрај тоа, може да засени и двојно помлади жени со својот изглед. Во една пригода, славната манекенка открила како се ослободува од несаканите сантиметри и непотребни килограми.

Славната супермоделка практикува мини-диета во кризни ситуации. Таа е висока 177 см и цел живот ги одржува нејзините 58 килограми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Со оваа мини-диета нема гладување, а се заснова на 5-6 оброка (ручек и вечера плус две ужини што не смеете да ги пропуштите). Сите оброци се во мали порции. Во спротивно, метаболизмот ќе се забави, а телото ќе почне да складира масти.

Второто правило е тоа што целата диета мора да биде урамнотежена: 30% протеини, 40% јаглехидрати и 30% масти.

  • Појадок: пржени јајца, парче тврдо сирење (30 г) и парче ржан леб
  • Ужина: зелено јаболко, грозје или овошна салата (150 г)
  • Ручек: риба или пилешко месо (150 г) со замрзнат зеленчук, мало парче ржан леб
  • Ужина: портокал или 30 г сирење
  • Вечера: варено говедско месо (150 г), салата од зеленчук (100 г) со лажица маслиново масло, четвртина чаша варен грав
  • Пред легнување: чаша јогурт или кефир со низок процент на масти

Но како и сите ние, Синди понекогаш не може да си забрани хамбургер. Откако ќе изеде нешто покалорично, моделката почнува напорно да тренира и да применува поригорозна диета две недели. Во текот на овој период, таа се ослободува од вишокот килограми (за една недела можете да симнете до 5 кг).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Главното јадење на оваа диета е нискокалорична супа направена од зелка. Ова јадење можете и би требало да го консумирате 5 пати дневно.

Супата се приготвува на вода, со додаток на морков, домати, пиперки, целер, грав, млад кромид и магдонос. Магдоносот го нормализира варењето и е добар диуретик. Супата не смее да содржи компир и друг зеленчук, богат со јаглехидрати.

Покрај супа, можете да додадете и свежо овошје и зеленчук, млеко (еднаш неделно, не повеќе од 250 мл), јогурт (еднаш неделно, не повеќе од 150 мл), кафеав ориз. Исто така, можете да јадете месо (пилешко или мисиркино, не повеќе од 150 г) или риба (200 г), варена на пареа.

Пијте чиста вода, без ограничување. Исто така, дозволен е и зелен чај и црно свежо приготвено кафе без шеќер и млеко (најмногу 2 шолји дневно).

Во текот на диетата, забранета е конзервирана храна, производи од леб и брашно, чоколадо, десерти, газирани и алкохолни пијалаци.

  • Понеделник: супа, свеж зеленчук (неограничено) и диетален јогурт
  • Вторник: супа, свежо овошје (без ограничувања) и јогурт без масти
  • Среда: супа, свеж зеленчук и овошје (без ограничувања)
  • Четврток: супа и варено пилешко
  • Петок: супа, варено говедско или телешко
  • Сабота: супа, свеж зеленчук (без ограничувања) и јогурт со низок процент на масти
  • Недела: супа, свеж зеленчук и овошје (без ограничувања).
Наполни 55 години и изгледа неверојатно: „Овој појадок е заслужен за мојот изглед!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.