Што е подобро – да заспиете гладни или сити?

Истражување открива

Фото: Unsplash

Дали ја знаете изреката: „Појадувајте како крал, a вечерајте како слуга“? Што мислите, дали е точно?

Истражувањето објавено во „Журнал за клиничка ендокринологија и метаболизам“ покажа дека обилниот појадок наместо обилната вечера може да спречи дебелина и висок шеќер во крвта.

Студијата е спроведена на 16 мажи кои консумирале нискокалоричен појадок и калорична вечера, а во втората фаза од студијата го сториле спротивното.

Авторот на студијата, д-р Џулија Рихтер, од Универзитетот во Лубек во Германија, рече дека резултатите покажуваат дека луѓето кои консумираат калоричен појадок и нискокалорична вечера имаат два и пол пати побрза потрошувачка на калории.

Покрај тоа, зголемените концентрации на шеќер во крвта и инсулинот предизвикани од храна беа намалени.

Прочитајте и: ФИТ за СЕДУМ минути!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.