Секој ден јадете грст семки од тиква: Еве какво влијание ќе има тоа врз вашето здравје!

Лековит рецепт

Здравјето влегува низ устата, а во тоа особено ќе се уверите кога ќе почнете да јадете семки од тиква

Тиквата се смета за една од најстарите билки што луѓето почнале да ја јадат. Од тиквата се прави брашно, се јаде нејзиното месо, семките и слично.

Семките од тиква се највредниот производ од овој плод. Се сметаат за извор на омега-3 масни киселини и витамин Е, кој е неопходен за здравјето на кожата, косата и ноктите.

Семките од тиква содржат и фитоестрогени кои се слични на женските хормони. Па затоа, консумирањето на овие семки на жените им ја продолжува младоста и им го зајакнува здравјето. Се смета дека овој производ може да го намали и ризикот од рак на дојка.

Тинејџерите користат семки од тиква за да ги решат проблемите со акните, бидејќи семките од тиква се полни со цинк.

Трудниците ги јадат за да ја намалат мачнината.

Седумдесет грама семки од тиква дневно ја содржат препорачаната доза на фосфор, кој е неопходен за мозокот и за коските. На пример, рибата содржи двојно пониско ниво на фосфор.

Познато е дека семките од тиква им помагаат на мажите да ги излечат проблемите со простатата. Големата количина на цинк во нив помага за спречување неплодност, но лекува и алкохолизам.

Азијците јадат семки од тиква за да излечат депресија.

Постои и еден таен метод за зголемување на корисните состојки на семките од тиква. Измијте ги исчистените семки со вода и ставете ги во чинија. Повторно сипете вода, колку да ги покрие семките. Покријте ги семките со газа и оставете ги два дена на темно место. Истовремено, менувајте ја водата на секои 12 часа. Наскоро семките ќе проникнат, а вие јадете ги заедно со никулците.

1 лажиче од оваа смеса го исфрла сето она што е штетно од телото: Грчки народен лек што спречува депресија и рак!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.