Секое утро додавала лажица од овој зачин во кафето: Еден месец подоцна, таа ослабела 4 килограми!

Започнете го утрото со овој пијалак

Кафето само по себе е добар сојузник во губење на тежината, но може да биде и подобро.

Кафето ќе го забрза метаболизмот, а доколку редовно вежбате и јадете правилно, многу брзо ќе ја доведете линијата до совршенство.

Нутриционистката Лиза Ричардс нагласува дека е најдобро да се држиме до обичното, црно кафе без додадено млеко и шеќер, бидејќи на тој начин внесуваме непотребни калории. Таа, исто така, советува да додадете малку цимет во кафето еднаш дневно.

Таа со личен пример утврди колку е моќно кафето во комбинација со цимет. Имено, секое утро додавала по една лажичка од овој зачин во својот омилен пијалак. За еден месец, таа забележа значителна разлика во тежината.

Успеала да ослабне 4 килограми и да се ослободи од салото што со години го имала на стомакот.

„Циметот ја стимулира термогенезата во телото“, објаснува Ричардс, и на тој начин доведува до топење на масните наслаги.

„Тоа е процес на загревање на телото и може да доведе до согорување повеќе калории. Покрај тоа, циметот е природна опција за стимулирање на термогенезата и секако е подобар избор од разните додатоци кои можат да го сторат истото”, објаснува таа.

Таа, исто така, забележува дека ова не е магична напивка и дека резултатите нема да бидат видливи без корекција на исхраната и воведување физичка активност.

Прочитајте и: Здрав пијалак: Дали некогаш сте пробале вода со цимет?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.