Само една шака цреши делуваат посилно од аспирин!

Неверојатни придобивки

Не можеме да им одолееме, особено не сега кога е време да ги јадеме и да уживаме во уникатниот вкус што ни го даваат.

И додека уживаме во ова црвено овошје со сите наши сетила, не е на одмет да знаеме нешто за нивниот корисен ефект врз нашето тело.

Црешите, верувале или не, придонесуваат за нашето здравје. И тоа на многу начини. Неколку цреши имаат посилен ефект дури и од аспиринот, а во исто време не го иритираат желудникот.

Тие содржат витамини А, Б и Ц, биофлавоноиди, елагична киселина, антоцијанин и мелатонин – состојки кои помагаат во борбата против ракот, спречуваат срцеви заболувања, ја ублажуваат болката предизвикана од артритис, главоболки и симптоми поврзани со фибромијалгија.

Свежите цреши се добри за олеснување на физичката и менталната исцрпеност, така што можете да ги однесете на работа и да јадете помеѓу оброците.

Научниците од Универзитетот во Бостон веруваат дека црешите имаат можност да го намалат ризикот од гихт, што го докажаа во едногодишната студија што ја спроведоа со пациенти кои страдаат од оваа болест.

Експертите откриле дека ризикот од напади е намален за 75 проценти кога субјектите јаделе цреши и во исто време земале лек кој ја намалува количината на уричната киселина.

Црешите исто така подеднакво придонесуваат за губење на тежината, така што антоцијаните од темни цреши можат да го намалат количеството на масни наслаги на стомакот, а со тоа и да ја намалат количината на холестерол и шеќер во крвта.

Тие исто така имаат антиканцерогени својства и имаат добар ефект врз здравјето на коските.

Црешите се сметаат за одличен извор на бор (тие содржат 396 гр / 100 грама), кој во комбинација со калциум и магнезиум има исклучително корисен ефект врз здравјето на коските.

Прочитајте и: Ги смирува цревата и ги намалува килограмите: Една шолја од напивката со оваа билка ќе ви ги реши сите проблеми!

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.