Само два пати неделно хранете се на овој начин: Ќе ви се намали апетитот и ќе го спречите таложењето на маснотии!

Краткотрајно гладување!

Совети од експерти за здраво слабеење!

Како што старееме, нашите матични клетки (од кои настануваат сите наши клетки) ја намалуваат својата способност за обновување. Неодамнешните истражувања откриваат дека краткотрајното гладување (од 24 часа) ја враќа способноста за регенерација на матичните клетки, како кај помладите така и кај повозрасните.

Последните истражувања покажале дека клетките кај глувците што гладувале, наместо глукоза (која ја нема поради гладувањето) разложувале масни киселини. Притоа, се ослободува молекулот што ја стимулира регенерацијата на матичните клетки.

Со децении се знае дека намаленото внесување калории е предуслов за долг живот, како кај луѓето така и кај животните. Меѓутоа, не бил познат точниот механизам. Се знаело дека доаѓа до промени во метаболизмот, што вклучуваат премин од користење јаглени хидрати на користење маснотии (на ова се заснова кетогената диета).

Кетогената диета се применува од 1920 година за лекување и подобрување на здравјето, но дури последниве години медицината почнала да ја сфаќа сериозно.

Кај кето-диетата, не е толку важно колку калории внесуваме, туку каква храна консумираме. Тоа подразбира намалено внесување јаглени хидрати, со зголемено внесување добри маснотии. Сепак, не е пожелно целосното отфрлање на јаглените хидрати.

Последниве години, посебно внимание се обрнува на хормонот на црниот дроб, наречен „fibroblast growth factor 21“ (ФГФ21), кој се создава кога нивото на шеќер во крвта е или многу високо или многу ниско. Тој се покажал како можен поттикнувач на имунолошкиот систем кај возрасните. Го стимулира создавањето на Т-лимфоцити, кои се клучни клетки во одбраната на организмот.

Исто така, го намалува апетитот и го спречува таложењето на маснотии во организмот. Постојат истражувања кои докажуваат дека тој има заштитен ефект на кардиоваскуларниот систем.

Парадоксално, нивото на хормони се зголемува секогаш кога гладуваме подолго време (седум дена) или кога внесуваме оброк богат со јаглени хидрати.

Според сите овие податоци, експертите советуваат во текот на неделата да јадете храна заснована на принципите на кето-диетата. Обидете се два дена во неделата да внесувате мала количина на калории (се препорачува околу 500 калории на ден). Утредента јадете оброк богат со јаглени хидрати. Така, ќе ги комбинирате добрите ефекти на кето-диетата, гладувањето и зголеменото лачење на хормонот ФГФ21 по внесувањето јаглени хидрати.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.