Само 4 урми дневно можат значително да ви го променат животот!

Оваа навика треба да стане задолжителен дел од вашето секојдневие

За да го почувствувате максималниот ефект на урмите, треба да јадете од четири до шест дневно

Урмите имаат антиканцерогени својства, па за тоа би требало да станат задолжителен дел од вашата исхрана, доколку сакате да спречите сериозни болести и се грижите за своето здравје.

Урмите се исклучително добра храна за дигестивниот систем. Тие имаат силни антипаразитски својства, па така урмите ги изнесуваат паразитите, габите, тешките метали, штетните бактерии, вирусите и другите отровни патогени од дигестивниот тракт

Овие нивни својства ги прават најефективно средство во борбата против кандидата, Урмите исто така им ја враќаат нормалната функција на цревата по некоја цревна болест. Доколку не се случи тоа, цревата нема да бидат способни за правилна елиминација на несварената и расипаната храна од цревата.

Урмите се идеални за спортистите и останатите активни личности. Тие содржат многу калиум и овошен шеќер, а тоа се совршени материи за мозокот и мускулите кои содржат глукоза како гориво во текот на вежбањето.

Урмите содржат вкупно 70 биоактивни минерали кои го одржуваат здравјето на надбубрежните жлезди за да можат полесно да ги извршуваат своите функции. Тие се исклучително здрава храна за срцето, благодарение на големите количини на аминокиселини.

Аминокиселините во урмите, како што е леуцинот, ја подигнуваат количината на калиум на највисоко ниво, што е многу важно за одржување и јакнење на мускулите и нервите. Леуцинот исто така го спречува ширењето на млечните киселини во телото за време на стресните моменти.

За да го почувствувате максималниот ефект на урмите, треба да изедете од четири до шест парчиња во еден ден. Ако сакате да го подобрите сонот, изедете една урма два часа пред да си легнете. За подлабоко доживување на медитацијата, изедете три умри пред да почнете со медитирање.

Во продолжените прочитајте како да направите домашни мусли од сирови урми (за 1 -2 порции)

Овој рецепт е совршен за сите луѓе кои постојано се во движење. Подгответе поголема количина, ставете ја во сад и чувајте ја во фрижидер, па така вашата ужина секогаш ќе биде подготвена. Комбинацијата од слатко и солено ќе му се допадне на целото семејство. Можете да ја јадете како ужина, со смуди или пак со порција овошје.

Потребни состојки:
  • 2 шолји урми, без семка
  • ¼ шолја кокосово брашно
  • ¼ шолја бадеми
  • ¼ лажичка морска сол
Начин на подготовка:

Сите состојки изматете ги во блендер додека не добиете смеса со погруба текстура. Ставете ги муслите во стаклен сад и чувајте ги во фрижидер најмногу две недели.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време