Салата што брзо ги топи килограмите: Пробајте „жешка-девојка“!

На самиот праг на летото повеќето сме загрижени за физичкиот изглед, па воопшто не е чудно што оваа салата стана вистински хит на социјалните мрежи. Лесно се приготвува, а корисничката што прва го објави рецептот тврди дека со неа успеала да ослаби 9 килограми и дека ја консумира секојпат кога сака да ослаби.

Потребни состојки:

За салата:

  • 140 г краставици (ситно исечкани);
  • 150 г пиперки (исечкани);
  • 30 г црвен кромид (ситно исечкан);
  • 10 г лути пиперчиња (ситно исечкани);
  • 35 г лупен сончоглед;
  • 1 варено јајце.

За прелив:

  • 3 големи лажици маслиново масло;
  • 1 лажица вински оцет;
  • сок од 1-2 лимони;
  • 2 чешниња лук;
  • 1 супена лажичка јаворов сируп;
  • ¼ лажичка буковец;
  • ¼ лажичка црвен пипер;
  • ¼ лажичка црн пипер;
  • сол (по вкус).

Приготвување:

Во подлабок сад се подготвува преливот за салата. Се мешаат маслиновото масло, оцетот, сокот од лимон, јаворовиот сируп, изгмечен лук, буковец, црвен пипер, црн бибер и сол и подготвениот прелив се остава настрана;

Се сечка свареното јајце (кое треба да се вари околу 16 минути во зовриена вода);

Црвениот кромид се сечка и се остава во сад со ладна вода да стои додека го сечкате останатиот зеленчук;

Во длабок сад се става исечканиот зеленчук, па се додаваат сончогледот, исечканото јајце и процедениот кромид;

Салатата се прелива со подготвениот прелив.

@herdresscode Summer time fine #fyp #foryourpage #lifestyleblogger #fashionblogger #selfcareroutine #foodtiktok #weightloss #foodblogger #dinnerrecipes #spring ♬ Fallin’ in a Garden – LLusion

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.